Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Вештерките не стареат“ – Калтрина прослави роденден во провокативен фустан

„Една година постара, попаметна, но сѐ уште млада во душа“ – напиша инфлуенсерката Калтрина Круезиу до фотките објавени по повод нејзиниот роденден. Како го прослави роденденот убавата мејкап артистка и професорка?

veshterkite-ne-stareat-kaltrina-krueziu-go-proslavi-rodendenot-so-unikaten-natpis-dobi-chasovnik-za-podarok-01.jpg

Професорката по солфеж и диригирање и мејкап артистката Калтрина Круезиу, направи роденденска забава во познат скопски ресторан.

Од фотките што ги објави на Инстаграм, се гледа дека важниот ден го прославила со своите најблиски пријатели.

Во краток сребрен фустан со впечатлив отсечок на деколтето, Калтрина уште еднаш покажа дека гордо ја носи титулата „Барби од реалноста“ кај нас.

Таа по повод роденденот, дуваше свеќички на торта, но наместо ознаки за бројот на годините, Калтрина на тортата имаше натпис:

„Вештерките не стареат!“

veshterkite-ne-stareat-kaltrina-krueziu-go-proslavi-rodendenot-so-unikaten-natpis-dobi-chasovnik-za-podarok-02_copy.jpg

Калтрина упати порака на Инстаграм до сите нејзини пријатели што биле тука за неа и заедно со неа го прославиле важниот ден, па напиша:

„Им благодарам на моите прекрасни пријатели што го направија мојот роденден посебен со своето присуство.

Благодарна сум што ве имам во сопствениот живот. Испраќам љубов и до оние што ми напишаа пораки и ми се јавија. Ова ќе биде година за паметење“.

veshterkite-ne-stareat-kaltrina-krueziu-go-proslavi-rodendenot-so-unikaten-natpis-dobi-chasovnik-za-podarok-03_copy.jpg

veshterkite-ne-stareat-kaltrina-krueziu-go-proslavi-rodendenot-so-unikaten-natpis-dobi-chasovnik-za-podarok-04.jpg

Таа претходно објави и фотки од фотосесија направена по повод новата година од нејзиниот живот до која напиша:

„Една година постара, попаметна и посреќна, но сѐ уште млада во душа. Нека ми е среќен роденденот!“

veshterkite-ne-stareat-kaltrina-krueziu-go-proslavi-rodendenot-so-unikaten-natpis-dobi-chasovnik-za-podarok-05.jpg

Погледнете повеќе фотки од роденденската забава на Калтрина на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бајковит прв роденден на девојче од Скопје - Мајката и славеничката во фустани во тон (фото) „Подготвувањето на роденденот на Лана ни траеше сигурно 2 месеца, но мислам дека...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Катарина, сопругата на фудбалерот Давид Бабунски, емотивна за 1-иот роденден на ќерката: „Знаев дека... „Среќен прв роденден животу мајкин. Се сеќавам, како да беше вчера кога ми те сп...
Ирина Дишовска објави дека чека второ дете со Павле Камилоски – 1 година по раѓањето на синот „Уште едно бебе е на пат“ – напиша Ирина Дишовска до фотките на Инстаграм, со ко...
Провокативна фотосесија на Калтрина во Милано На фотките објавени на Инстаграм, Калтрина носи смела креација од македонска мод...
Христина Пан: „2024 не беше лесна, половина година ни помина по болници, но добивме благослов“ „2024 што да ти кажеме за крај. Дека беше лесна, не беше, половина година пак ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg