Поранешниот ракометар Дарко Кондев стана јутјубер во САД – Ги тестира Американците колку знаат за Македонија
- Детали
- четврток, 07 март 2024
Некогаш ги бранеше боите на Македонија во македонската ракометна репрезентација, а сега со знамето во раце ги едуцира Американците за нашата земја. Ракометарот Дарко Кондев стана јутјубер во Америка, а во едно од своите видеа им постави вистински предизвик на случајните минувачи.
Дарко Кондев е поранешен ракометар на ракометните клубови „Тиквеш“ и „Металург“ и репрезентативец на Македонија, а минатото лето одлучил среќата да си ја побара во Чикаго во САД, каде отворил своја маркетинг агенција и работи и како јутјубер.
На својот Јутјуб канал, Дарко објавува забавни видеа од кои имате можност да дознаете голем број факти за животот на нашинците во Чикаго, за условите за живеење што тие ги имаат таму, но исто така направи и едно забавно видео во кое ги тестираше Американците колку знаат за Македонија.
Дарко се шеташе со македонското знаме и библијата во раце и се обиде да ги тестира Американците.
Случајните минувачи имаа задача да одговорат на прашањата на која земја ѝ припаѓа знамето што го држи во раце, а второто прашање беше колкупати се спомнува Македонија во Библијата.
Најголем дел од минувачите имаа проблем уште на првото прашање, а само една девојка на крајот го даде точниот одговор.
Погледнете го видеото:
Б. С. Б. | Црнобело