Јелена Спенџарска: „Ние Македонците сфаќаме што е слобода откако ќе заминеме во странство“

„Јас лично мислев дека нешто не е океј со мене. Барав грешка во себе, мислев дека премногу барам, имам високи стандарди, многу се занесувам. А всушност проблемот цело време беше и сè уште е ова затворено општество во кое ни минува животот. Не е до тебе, нема ништо погрешно со тебе“, напиша Спенџарска во објава на Инстаграм Стори.

jelena-spendjarska-nie-makedoncite-sfakjame-shto-e-sloboda-otkako-kje-zamineme-vo-stranstvo-01.jpg

Водителката и инфлуенсерка Јелена Спенџарска, преку својот Инстаграм им се обрати на сите оние кои се чувствуваат како да се гушат во земјава и кои секогаш во себе ја бараат грешката за проблемите, исплашени да сменат нешто од страв што ќе каже околината.

Јелена, која веќе извесно време живее на релација Скопје - Солун, на Инстаграм Стори објави краток текст, нејзино размислување за тоа што го доживеала откако живее надвор од Македонија и како конечно се чувствува слободна, без стеги од општеството.

jelena-spendjarska-nie-makedoncite-sfakjame-shto-e-sloboda-otkako-kje-zamineme-vo-stranstvo-02.jpg

„Само нафрлени мисли.. 

Многу луѓе кај нас мислат дека се слободни и живеат слободен живот. И потоа, поради Х причини ќе заминат некаде во странство, на недела или година, сеедно, и ќе сфатат дека идејата која ја имале за слободен живот - врска нема. 

Да, немаме војни, имаме слобода на движење, но сега зборувам за ментална слобода.

Слобода да се запишеш на факултетот што ти го сакаш, а не твоите, слобода да го оставиш партнерот едноставно дека не сте среќни веќе, да се разведеш без разлика што ќе каже околината или дека извесен период ќе ти трпи џебот да дадеш отказ затоа што нема ни ‘П’ од потенцијал таму и не сакаш да бидеш робот, да отидеш во трговски и да си купиш поскапо парче облека без да се броиш дали ќе ти стигнат пари месецот, да си кажеш свое искрено мислење без страв дека ќе те каменуваат ако не е исто како со останатите... листата е стварно долга.

jelena-spendjarska-nie-makedoncite-sfakjame-shto-e-sloboda-otkako-kje-zamineme-vo-stranstvo-03.jpg

Ова го пишувам дека јас лично мислев дека нешто не е океј со мене кога се соочував со сè што напишав.

Барав грешка во себе, мислев дека премногу барам, имам високи стандарди, многу се занесувам. А всушност проблемот цело време беше и сè уште е ова затворено општество во кое ни минува животот.

Не е до тебе, нема ништо погрешно со тебе.

Мене ми требаше многу време да го сфатам ова, затоа, од душа најискрено ти го кажувам и тебе, во случај да се чувствуваш изгубено“, напиша таа.

jelena-spendjarska-nie-makedoncite-sfakjame-shto-e-sloboda-otkako-kje-zamineme-vo-stranstvo-05.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Јелена Спенџарска објави видео за токсични врски - жена ѝ вели: „Имам пеколен брак, ама каде да одам... „Мојот телефон е повеќе негов отколку што е мој. Да види дали сум додала некој д...
Наташа Фигурела цело лето е на грчки остров: „Првпат дојдов на Миконос во 2004 година и се заљубив в... „Почнав секоја година да доаѓам на Миконос, бидејќи на овој остров се чувствувам...
Игор Џамбазов за татко му: „Три години без тебе, маестро мој, на истиов ден е роден нашиот ангел Тош... Актерот и шоумен Игор Џамбазов со емотивна порака ја одбележа тригодишнината од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg