Игор Џамбазов за татко му: „Три години без тебе, маестро мој, на истиов ден е роден нашиот ангел Тоше - каква симболика“

igor-djambazov-za-tatko-mu-tri-godini-bez-tebe-maestro-moj-na-istiov-den-e-roden-nashiot-angel-toshe-kakva-simbolika-01.jpg

Актерот и шоумен Игор Џамбазов со емотивна порака ја одбележа тригодишнината од смртта на својот татко, маестро Александар Џамбазов.

За потсетување, Александар Џамбазов почина на 25 јануари 2022 година на 86 години.

Тој беше диригент и композитор, но и еден од великаните на македонската современа музика, иницијатор за создавање на детскиот фестивал „Златно славејче“, автор на многу детски песни, но и филмска музика.

igor-djambazov-za-tatko-mu-tri-godini-bez-tebe-maestro-moj-na-istiov-den-e-roden-nashiot-angel-toshe-kakva-simbolika-02.jpg

Објавата на Игор за неговиот татко гласи:

„Три години без тебе, маестро мој.

Ти направија преубав мурал во Дебар маало, именуваа улица по тебе, има предлог една позната концертна сала да го носи твоето име.
Не те заборавија луѓето, да знаеш.

На истиов овој ден е роден нашиот ангел Тоше.
Каква симболика!!!

Се родил најубавиот глас, а си заминал еден голем маестро. Животиште.

И токму денес, шест планети од сончевиот систем се израмнуваат на небото.
Редок момент за ретки луѓе.

Лесно ви небо и на двајцата!“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Каде е и што прави денес Угро? „Ах, 90-тите и 2000-тите години беа убави за живеење. Инаку, моментално сум...
Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Игор Џамбазов слави 61-ви роденден: „Кога сум се родил, татко ми Џамбаз не се отрезнил 3 дена“ „На денешен ден, мајка ми Анче ме испорачала на овој свет. Светот не се потресол...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg