Лила издоминира на Светски ромски бал 2024, Агнеса и Биг Мама воодушевија со стилот

Свечени фустани за жените, класични костуми за мажите... Како се дотераа нашите јавни личности за 44-тиот Светски ромски бал во Скопје?  

lila-izdominira-na-svetski-romski-bal-agnesa-i-big-mama-voodushevija-so-stilot-01.jpg

Вчеравечер (18.01) во хотелот Александар Палас се одржа 44-тиот традиционален Светски ромски бал.

Одлична забава, музика со најголемите ромски ѕвезди, но и Цеца и Теа Таировиќ, собра на едно место голем број гости, не само од Македонија, туку и од регионот, па и Германија, Швајцарија, од скандинавските земји, а имаше и гости од Австралија.

lila-izdominira-na-svetski-romski-bal-agnesa-i-big-mama-voodushevija-so-stilot-03.jpg

Меѓу гостите беа и луѓе од јавниот живот во земјава, кои се потрудија да го испочитуваат дрес кодот и да изгледаат беспрекорно на настанот.

Меѓу нив издоминира Лила Филиповска, која оваа година беше и водител на Светскиот ромски бал. Таа носеше црн фустан со светки со длабок шлиц, деколте и долг плашт, кој се вадеше.

Во црн фустан од проѕирна тантела беше облечена инфлуенсерката Агнеса Органџиева.

Пејачката Биг Мама за оваа пригода избра краток маслинесто зелен фустан со светки.

lila-izdominira-na-svetski-romski-bal-agnesa-i-big-mama-voodushevija-so-stilot-06.jpg

Во црн фустан, со бела крзнена наметка и шешир се дотера Ана Бајрам, сопругата на Габриел Бајрам, кој е и организатор на балот.

Фризерот Зоран Давитков носеше црн костум, а неговата придружничка воодушеви со црниот фустан со принт во црвена, сина и бела боја, кој го искомбинирала со кожена јакна.

Погледнете дел од модните изданија на 44-тиот Светски ромски бал:

lila-izdominira-na-svetski-romski-bal-agnesa-i-big-mama-voodushevija-so-stilot-02_copy.jpg

lila-izdominira-na-svetski-romski-bal-agnesa-i-big-mama-voodushevija-so-stilot-09.jpg

lila-izdominira-na-svetski-romski-bal-agnesa-i-big-mama-voodushevija-so-stilot-08.jpg

Повеќе фотографии на следната страница:



Би можело да ве интересира:

Лила по 4 месеци повторно на Бали: „Затоа што еднаш не е доволно“ Лила Филиповска повторно ужива на Бали, само неколку месеци откако го посети ост...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Лила и Биг Мама го истражуваат Сингапур – По влечки на аеродром, на молитва во будистички храм (фото... „Од авион се симна со папучиве и низ цел аеродром вака шеташе. Не можеш да не ја...
Лила Филиповска за ракот на дојка: „На син ми му реков - Канцер е, но ќе го средиме, немој да се сек... „Дијагнозата е најтешкото нешто, затоа што кога ќе се каже канцер, како да ти ка...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg