Ксенија Николова: „Зад себе оставам тешка година – така требало да биде“

„Зад себе оставам година која ми беше многу тешка, но истовремено и година која ми помогна да донесам многу важна одлука за себе“ – вели Ксенија Николова во описот до видеото на кое танцува на песната I Will Survive.

ksenija-nikolova-otkako-morashe-da-donese-teshki-odluki-zad-sebe-ostavam-teshka-godina-taka-trebalo-da-bide-01.jpg

Нашата позната писателка, текстописец и бизнис жена, Ксенија Николова зад себе остава тешка година. Таа редовно јавно зборуваше за својата борба со неплодноста и неуспешните обиди за забременување.

Во текот на изминатата година, откри дека имала неколку неуспешни обиди за ин витро оплодување, а јавно зборуваше и за биохемиската бременост, пред да каже дека планира целосно да се откаже од третманите и да остави сѐ на случајноста.

Како што рече, во целата процедура го изгубила детето во себе. Се претворила во некоја сериозна, загрижена личност со која ни таа самата не би сакала да дели просторија. Ја изгубила спонтаноста, играта, неизвесноста.

Таа, за крај на годината, објави кратко видео на Инстаграм на кое танцува на песната I Will Survive, а до него напиша:

„Зад себе оставам година која ми беше многу тешка, но истовремено и година која ми помогна да донесам многу важна одлука за себе, година која ме научи колку сум силна, колку можам и колку умеам. Неизбежно беше, едноставно сѐ ме водеше кон таа една одлука, а ми требаше многу време да го сфатам тоа.

Се чувствувам како да процветувам и песнава ме потсетува на тоа колку скриена сила има во сите нас.

Низ што и да поминувате, отворете се за сите лекции, за сета болка и за сета тага, зашто само така ќе продолжите напред и конечно ќе успеете да видите кој е вашиот вистински пат.

Нема загубено време, навистина го мислам тоа, зашто непроценливо е чувството кога човек ќе се разбуди.

Вака се танцува од среќа и радост за она што следи, без грам лутина или гнев, без грам каење.

Така требало да биде“.

Освен видеото, Ксенија објави и неколку фотографии во кои позира во смел и заводлив аутфит, а до нив напиша:

„Таа секогаш наоѓа светлина во мракот и од секоја тажна приказна создава уметност“.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Ксенија Николова: „Еден месец ќе живеам во француско селце како од сказна, на 1 час со воз од Париз“ „Сместена сум во типично француско мало апартманче, сѐ е во францускиот дух, лок...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Каде е и што прави денес момчето што ја отпеа песната „Наташа од трето три“ – Леонид Ристев? Леонид признава дека никогаш немал намера да се занимава музика, иако во 1992-ра...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg