Денес се слави Свети Јован Златоуст – што треба да направите?

Свети Јован Златоуст бил еден од најучените свештеници, па се верува дека денес е убаво да земете некоја книга и да прочитате барем еден мал дел во негова чест. Именден слават Јован, Јованка, Ване...

se-slavi-sveti-jovan-zlatoust-shto-treba-da-napravite-denes-01.jpg

Православните христијани на денешен ден (26.11) го слават Свети Јован Златоуст. Именден слават Јован, Јованка, Ване...

Свети Јован Златоуст бил роден во Антиохија од татко Секунд и мајка Антуса. Изучувајќи ја грчката филозофија, светецот се згрозил од грчкото незнабожништво и одлучил да ја прифати христијанската вера и религија.

se-slavi-sveti-jovan-zlatoust-shto-treba-da-napravite-denes-02.jpg

Прекарот Златоуст го добил заради своите реторички способности. Во 397-ма година бил избран за цариградски епископ и шест години мудро управувал со црквата со неспоредлива ревност и мудрост.

Ја разобличил царицата Евдоксија и влегол во конфликт со неа затоа што проповедал целосна реформа на животот, како во црквата, така и на царскиот двор.

se-slavi-sveti-jovan-zlatoust-shto-treba-da-napravite-denes-03.jpg

Испратил мисионери кај незнабожечките Келти и Скити, ја сотрел симонијата во Црквата, односно купувањето и продажбата на свети работи и црковни положби, симнал многу епископи-симонисти и ја раширил милосрдната дејност на црквата.

Тој напишал посебен чин на светата литургија, ги посрамил еретиците, го протолкувал Светото писмо и ѝ оставил на Црквата многу драгоцени книги од своите беседи.

se-slavi-sveti-jovan-zlatoust-shto-treba-da-napravite-denes-04_copy.jpg

Бил симнат од престолот во 402-ра година, а царицата Евдоксија, го прогонувала двапати. Живеел во местото Коман во Ерменија, каде починал во 407-ма година.

Со оглед на тоа што Свети Јован Златоуст во својот живот оставил голем број книжевни дела, се смета дека тој бил еден од најучените свештеници, па многумина веруваат дека во негова чест, денес е убаво да земете и да прочитате макар еден дел од некоја книга.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Се слави Свети Архиѓакон Стефан  - Првата куќна слава по Божиќ Денес се слави првиот христов маченик, кој го дал животот и бил погубен со мачењ...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Денес е летен Свети Никола – Обичаи и верувања поврзани со овој празник Во минатото, на денешен ден рибарите не влегувале во езерата, а се верувало дека...
Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg