„Ова е најтажниот ден во мојата кариера“ - Прво обраќање на Калиопи, откако на нејзиниот концерт во Белград се случи трагедија
- Детали
- недела, 05 ноември 2023
„Денес, наместо да го славиме животот на мојот концерт, загубивме еден живот“ – напиша меѓу другото Калиопи, откако нејзиниот концерт во Белград беше откажан заради неочекуваната смрт на една жена во публиката.
Нашата пејачка Калиопи Букле вчера (04.11) требаше да има концерт во МТС двораната во Белград, но настанот беше откажан откако на една жена во публиката ѝ се слоши.
Жената дошла на концертот од Македонија заедно со фанови и со ќерка ѝ, а според пишувањата во српските медиуми, станува збор за повозрасна жена на која ѝ се слошило непосредно пред почетокот на настапот на Калиопи.
Набрзо по ова салата била испразнета и лекарите се обиделе да ја реанимираат жената, но за жал, таа го загубила животот.
Набрзо по ова, организаторите најавија дека концертот ќе биде откажан и презакажан за друг датум, а истите билети ќе важат и за следниот концерт.
За немилиот настан се огласи и Калиопи, која на Инстаграм напиша:
„Ова е најтажниот ден во мојата кариера...
Денес, наместо да го славиме животот на мојот концерт, загубивме еден живот...
Во мое име и во името на целиот мој тим, изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на починатата личност.
Ова е мојата прва и единствена изјава за вечерашниот немил и мошне тажен настан за сите нас. Се надевам дека мојата публика ќе има разбирање заради одложувањето на вечерашниот концерт... Новиот термин ќе биде наскоро објавен“
https://www.instagram.com/p/CzPeeIjoNHE/?hl=en
Б. С. Б. | Црнобело