Сара е наша кул невеста со бисерни чевлички и тексас јакна со натпис, во склад со младоженецот (фото)

„Буквално два дена пред нашата венчавка отидовме да бараме што да носиме - сакавме нешто нетрадиционално и уникатно. Јакните ни беа дизајнирани од сликарот Божиков и неговата сопруга“, вели Сара Цветкоска (29), сега Ѓуроски, од Прилеп за CRNOBELO.com, која стапи во брак со македонскиот кошаркарски репрезентативец Стојан Ѓуроски.

nasha-kul-nevesta-so-biserni-chevlichki-i-teksas-jakna-so-natpis-vo-sklad-so-mladozhenecot-foto-01.jpg

Сара Цветкоска (29), сега Ѓуроски, од Прилеп е дипломиран филолог (чешки јазик на Филозофскиот факултет при Карлов Универзитет во Прага, Чешка) и графички и веб дизајнер. 

Моментално работи во ИТ компанијата Сивус, како и приватно фриленс графички и веб дизајн.

Родена е во Прилеп, меѓутоа од својата 18-та година живеела во Прага - седум години за време на студиите, сѐ до 2019-та година. Од 2019-та година е во Скопје.

Претходната година со нејзиниот партнер живееле во Шпанија, бидејќи тој играл за шпански кошаркарски клуб.

Стојан Ѓуроски (31) од Гостивар има дипломирано бизнис администрација (Louisiana Tech University во САД), но работи како професионален кошаркар од своја 17-та година, а е и репрезентативец за Македонија. Моментално игра за КК Работнички Скопје.

Парот е заедно од 2017 година. Нивниот прв состанок бил на 23-ти септември. Стојан ја запросил Сара на 23-ти јуни оваа година, а се регистрираа на 23-ти октомври.

Сара вели дека 23 е број којшто е поврзан со многу значајни настани во нејзиниот живот, што е и очигледно според горенаведеното.

На овој значаен настан Сара беше кул невеста, со стајлинг во тон со својот сакан.

Таа за CRNOBELO.com открива детали за нивните аутфити:

„Идејата за стајлинзите, а и сѐ во врска со нашата венчавка беше најспонтано, ништо не беше однапред планирано.

nasha-kul-nevesta-so-biserni-chevlichki-i-teksas-jakna-so-natpis-vo-sklad-so-mladozhenecot-foto-03.jpg

Буквално два дена пред нашата венчавка отидовме да бараме што да носиме. Знаевме само дека сакаме нешто нетрадиционално и уникатно. 

nasha-kul-nevesta-so-biserni-chevlichki-i-teksas-jakna-so-natpis-vo-sklad-so-mladozhenecot-foto-09.JPG

Идејата за јакните морам да си ја препишам себеси, иако Стојан предложи јакните да бидат дизајнирани од сликарот Божиков и неговата сопруга - и тоа беше баш во последен миг.

nasha-kul-nevesta-so-biserni-chevlichki-i-teksas-jakna-so-natpis-vo-sklad-so-mladozhenecot-foto-10.jpg

Венчавката ја правевме само во нашиот најблизок круг.

nasha-kul-nevesta-so-biserni-chevlichki-i-teksas-jakna-so-natpis-vo-sklad-so-mladozhenecot-foto-16.jpg

Фустанот е од Нана, а чевлите, исто така, ги купив ден пред венчавката.

nasha-kul-nevesta-so-biserni-chevlichki-i-teksas-jakna-so-natpis-vo-sklad-so-mladozhenecot-foto-14.JPG

nasha-kul-nevesta-so-biserni-chevlichki-i-teksas-jakna-so-natpis-vo-sklad-so-mladozhenecot-foto-26.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Милена од Прилеп со двете деца маскирана во „мајка на змејови“ за Прочка: „Се спремавме од декември“ „Беше предизвик да го убедам поголемиот син, бидејќи сакаше да биде Спајдермен, ...
Денес се слави Света Великомаченичка Варвара – Што треба, а што не треба да правите на овој ден? Најголема радост е ако на овој ден во домот на гости ви дојде мало дете. Што тре...
Први фотки од свадбата на пејачката Александра Јанева - Невестата носи венчаница со смело деколте, ... Традиционална свадба со трубачи, бела венчаница и букет од бели рози. Пејачката ...
Бајковит 5-ти роденден на девојче од Скопје – замок за скокање, бели гулаби и кул катче со телефон з... Славеничката во бело фустанче со плетенки, се забавува под виножито од балони, п...
Емотивна објава за Мирко Попов, кој денес ќе наполнеше 52 години: „Спектакуларно живееше, достоинств... „На денешен ден 1972 година беше роден човекот кој многу го сакаше животот. Науч...
Македонско девојче: Прилепчанката Оливера моќно изведе оперска арија среде прошетка низ Версајскиот ... „Епски момент. Не го криј својот талент од светот“, „Би била прекрасна Јулија на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg