Уникатна забава по повод свршувачка во Прилеп со дрес код, црн тепих за гостите и место со пораки за спомен (фото)
- Детали
- четврток, 26 октомври 2023
„Во целиот амбиент доминираше црната боја и минималистички примеси на златно. Имав замисла забавата за свршувачката да биде уникатна и да наликува на официјален настан, па така на самиот влез во ресторанот имавме и црн тепих за гостите да чекорат по него“, раскажува Јована (25) од Свети Николе за CRNOBELO.com.
Јована (25) од Свети Николе и Петар (31) од Прилеп 10 години се во врска, а по романтичното запросување во Истанбул, парот направи забава по повод свршувачката.
Со црно-златна тематика и низа внимателно избрани детали, парот славеше со најблиските во ресторан за свадби во Прилеп.
Joвана открива детали за забавата по повод свршувачката за CRNOBELO.com:
„Јас сум голем перфекционист и сакам сè да биде совршено до најмал детаљ, па така беше и на забавата по повод свршувачката.
На свадбата, планирам да носам бело, како и повеќето невести на македонски свадби, па затоа решив за оваа прослава да бидам облечена поразлично и затоа ја одбрав црната боја.
За мене црната боја претставува елеганција и уникатност.
Во целиот амбиент доминираше црната боја и минималистички примеси на златно.
Ние бевме облечени во црно, па така ни беше и дрес кодот - црно со бело.
Организацијата беше моја и искрено беше тешко за 2 седмици да организираме сè, но сепак на крај успеавме да ги вклопиме „сите коцки“.
Имав замисла свршувачката да биде уникатна и да наликува на официјален настан, па така на самиот влез во ресторанот имавме и црн тепих за гостите да чекорат по него.