Манекенката Бојана Нушкова згодна на плажа – позира во танга бикини, гордо ги покажува стриите (фото)
- Детали
- понеделник, 01 јули 2024
Нашата манекенка Бојана Нушкова е доказ за природна убавина која зрачи сексапил - без шминка на плажа, позира во бикини кои го истакнуваат нејзиното фит тело, но и стриите на задникот.
Бојана Нушкова е наша, а светска - манекенската кариера ја започна уште на млади години и е една од најубавите и најфит Македонки на Инстаграм.
Таа е ослободена од стереотипите и на социјалните мрежи редовно објавува фотки од модните ангажмани, но и од приватниот живот.
Долгоногата убавица нема проблем да се разголи и своето фит тело да го покаже во долна облека или во минималистички бикини.
Деновиве таа објавува фотки од нејзиниот летен одмор во Грција, каде позира на плажа и уште еднаш покажа дека има тело на кое многумина би завидувале.
Бојана ја истакна и својата природна убавина без шминка, а на фотките со танга бикини, не се обидува да ги скрие стриите на задникот и е позитивен пример за останатите девојки.
Таа и минатата година објави неколку фотки од плажа, истакнувајќи го згодното тело, но и стриите, покажувајќи дека можете да бидете фит и згодни и со нив, наместо да ги гледате како маана и да ги криете, како што многумина прават.
Погледнете повеќе фотки од овогодишниот одмор на прекрасната Бојана Нушкова, која е доказ дека природната убавина е секси: