Тамара Тодевска ужива со саканиот Лука на јавање коњи во Галичник - вистинска есенска идила (фото)
- Детали
- недела, 22 октомври 2023
Тамара Тодевска изгледа среќно и спокојно среде есенската бајка на Галичник на крајот од октомври, придружувана од нејзиниот сакан Лука. Парот се забавуваше со јавање на коњи во еден од најубавите предели во Македонија.
Тамара Тодевска октомвриските денови ги искористи за уживање во есенската идила на Галичник. Покрај во убавините на овој наш бисер, вкусната храна и златно-жолтите нијанси, таа беше воодушевена и од јавањето на коњи.
Со саканиот Лука, пејачката на овој начин ги истражи најубавите предели на Галичник, а фотографиите оттаму ѝ се вистинска есенска бајка.
И таа и нејзиниот партнер, споделија кадри, на кои двајцата изгледаат среќно и вљубено.
Есенската идила на Галичник на Тамара и Лука: