Сури од „Студени нозе“ го прослави 50-тиот роденден – Дац и Александар со Фиц му направија незаборавна забава (видео)
- Детали
- петок, 22 септември 2023
„Се вративме на најубавите времиња во Скопје“ – стои во објавата до видеото на Дац и Александар кои, заедно со Фиц од „Студени нозе“, направија незаборавна забава, а истовремено го прославија и 50-тиот роденден на членот на легендарната македонска група - Сури.
Никола Николов Сури, кој ѝ е најпознат на македонската јавност како член на групата „Студени нозе“, на 19-ти септември годинава го прослави својот 50-ти роденден во еден скопски локал каде истата вечер свој настап имаа Дац и Александар.
На Фејсбук страната на Дац и Александар е објавено видео на коешто се гледа како публиката во хор, заедно со некогашниот член на групата „Студени нозе“ - Ивица Стојановски Фиц, на цел глас го пее хитот „Како кучето мое“.
„Синоќа се вративме во најубавите времиња на Скопје. На гости ни беше Фиц „Студени Нозе“, а на Сури му прославивме 50-ти роденден“ – стои во описот до видеото.
Како што може да се види од видеото, публиката лудо се забавувала на старите хитови на „Студени нозе“, а на Сури му приредиле незаборавно роденденско изненадување.
Погледнете го видеото:
Синоќа се вративме во најубавите времиња на Скопје ❤ На гости ни беше Фиц "Студени Нозе", а на Сури му прославивме 50-ти роденден 🍷
-->Posted by Дац & Александар / Dragan Spasov Dac & Aleksandar Mitevski on Wednesday, September 20, 2023
Б. С. Б. | Црнобело