Каде се и што прават денес членовите на легендарната група „Студени нозе“?
- Детали
- петок, 01 септември 2023
„Како кучето мое“, „Нејќу колор телевизор“, „Маријана“ на бендот „Студени нозе“, беа некои од најголемите хитови што постојано се вртеа на радио и на телевизија. Каде се и како изгледаат денес членовите на познатата македонска група?
Групата „Студени нозе“ во 90-тите години беше една од најпознатите на македонската музичка сцена, а беше составена од тројца членови: Никола Николов Сури, Ивица Стојановски ФИЦ и Леонид Голчев – Пес.
Никола Николов Сури и Ивица Стојановски ФИЦ
Лео Голчев - Пес
„Студени нозе“ не постојат повеќе од 20 години, но нивните песни се пеат и до ден-денес. Речиси и да нема некој што не ги знае стиховите од нивните најпознати хитови.
Каде се денес и што прават членовите на популарниот македонски бенд?
Никола Сури Николов сè уште важи за една од најпознатите личности низ Скопје, иако долги години наназад веќе не објавува песни и не креира нова музика.
Тој понекогаш објавува фотографии и видеа на социјалните мрежи.
Posted by Nikola Suri Nikolov on Friday, May 15, 2020
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10230460753452866&set=pb.1540243132.-2207520000&type=3
Ивица Стојановски ФИЦ, пак од друга страна, самиот за себе вели дека доста музички созреал во изминативе години, па се преориентирал кон блуз музиката.
Минатата година објави нов спот заедно својот бенд The Invisibles, а на неговиот YouTube канал редовно објавува видео снимки од неговите концерти и песни.
Posted by Lajosh Vinetu on Tuesday, June 22, 2021
Лео Голчев, пак, од друга страна целосно се преориентира кон електронската, транс музика, па денес објавува свои траки под името Tengri, а материјалот го објавува заедно со продуцентската куќа Parvati Records.
Б. С. Б. | Црнобело