Македонската инфлуенсерка Никица Ацева откри дека очекува бебе со фотосесија на плажа со партнерот
- Детали
- вторник, 22 август 2023
Во бел фустан со саканиот на плажа и со нивниот миленик, Никица Ацева откри: „Среќни сме да ви најавиме дека нашето семејство ќе стане поголемо за уште две стапалца“.
Никица Ацева Стојанов (26) e дипломиран маркетинг-менаџер од Скопје и активно се занимава со блогерство 4 и пол години, а нејзиниот Инстаграм профил опфаќа разни содржини меѓу кои, мода, животен стил, патувања итн.
Дамјан Стојанов (26) е дипломиран менаџер за односи со јавноста и меѓународен маркетинг менаџмент од Скопје, фотографијата му е прва љубов и хоби, со кое ја придружува сопругата во нејзината Инстаграм приказна.
Парот веќе извесен период живее во Германија, а нивната љубовна врска во месец јули беше крунисана со свадба во Скопје.
Потоа, тие заминаа на меден месец на Санторини, а сега Никица ја откри веста дека очекуваат принова.
Парот позираше на плажа заедно со нивното куче. Облечени во бело и со насмевки на лицето, тие открија дека наскоро нивното семејство ќе се прошири за уште еден член.
„И сега ќе бидеме четворица. Среќни сме да ви најавиме дека нашето семејство (во кое го вбројуваат и нивниот миленик) ќе стане поголемо за уште две стапалца“.
Прочитајте и Бајковита свадба во Скопје со тема „мала Италија“, уникатни детали и олдтајмер со отворен покрив (фото)
Фотосесијата со која ја открија веста за бременоста:
С. С. | Црнобело