Бајковита свадба во Скопје со тема „мала Италија“, уникатни детали и олдтајмер со отворен покрив (фото)

„Уште одамна знаевме дека ќе се заколнеме на вечна љубов, но до овој момент сакавме да искористиме што повеќе да шетаме и да го видиме светот и сега дојде мигот и ни се случи магија. Замислата беше интимна свадба, темата беше „мала Италија“, а се случи во скопска винарија“, споделува Никица Ацева Стојанов (26) за CRNOBELO.com.

bajkovita-svadba-vo-skopje-so-tema-mala-italija-i-oldtajmer-so-otvoren-pokriv-foto-01.jpg

Никица Ацева Стојанов (26) e дипломиран маркетинг-менаџер од Скопје и активно се занимава со блогерство 4 и пол години, а на нејзиниот профил опфаќа разни содржини меѓу кои, мода, животен стил, патувања и многу други.

Дамјан Стојанов (26) е дипломиран менаџер за односи со јавноста и меѓународен маркетинг менаџмент од Скопје, фотографијата му е прва љубов и хоби, со кое ја придружува сопругата во нејзината Инстаграм приказна.

Парoт веќе извесен период живее во Германија, а нивната љубовна врска неодамна беше крунисана со брак во Скопје.

Никица споделува детали за нивната бајковита свадба за CRNOBELO.com:

„Со Дамјан сме во врска 5 и пол години, од кои веќе 3 години живееме заедно.

bajkovita-svadba-vo-skopje-so-tema-mala-italija-i-oldtajmer-so-otvoren-pokriv-foto-20.jpeg

Уште одамна знаевме дека ќе се заколнеме на вечна љубов, но до овој момент сакавме да искористиме што повеќе да шетаме и да го видиме светот. Оваа година беше дефинитивно наша!

bajkovita-svadba-vo-skopje-so-tema-mala-italija-i-oldtajmer-so-otvoren-pokriv-foto-19.jpeg

Ме запроси на 12-ти септември претходната година, со тоа што првично било планирано на 10-ти, бидејќи тоа е нашиот датум, но времето ги променило плановите.

bajkovita-svadba-vo-skopje-so-tema-mala-italija-i-oldtajmer-so-otvoren-pokriv-foto-05.jpeg

Нашите семејства беа „случајно“ дојдени кај нас на гости и тоа преубаво попладне ме изненадија во едно шармантно ќоше во стариот дел од градот во Германија кадешто живееме, со уличен музичар кој ја пееше нашата омилена песна, а потоа луѓето што глумеа публика одеднаш почнаа да играат салса и така се вклучивме во еден флеш моб и сè беше навистина магично.

Кога заврши музиката останаа само нашите емоции, тој ме праша дали ќе се омажам за него и јас најгласно му кажав „да“ на човекот од моите соништа.

bajkovita-svadba-vo-skopje-so-tema-mala-italija-i-oldtajmer-so-otvoren-pokriv-foto-001.jpg

На 10-ти март направивме претсвадбена фотосесија, пак тука во Германија. Сакавме да биде нешто уникатно, модерно, а сепак безвременско.

bajkovita-svadba-vo-skopje-so-tema-mala-italija-i-oldtajmer-so-otvoren-pokriv-foto-0001.jpg

За тоа се погрижија фотографите Кокан Палашев и Крсте Шупев, односно „You and Me“ студио од Велес, кои ни ги исполнија сите очекувања.

bajkovita-svadba-vo-skopje-so-tema-mala-italija-i-oldtajmer-so-otvoren-pokriv-foto-12.jpeg

Свадбата ја направивме во Скопје со одбран круг, нашите најблиски 90-тина гости.

bajkovita-svadba-vo-skopje-so-tema-mala-italija-i-oldtajmer-so-otvoren-pokriv-foto-08.jpeg

Замислата беше интимна свадба, но со многу љубов и многу голема журка. Темата беше „мала Италија“, па затоа ги одбравме лозјата на Камник, како совршена слика за нашиот концепт.

bajkovita-svadba-vo-skopje-so-tema-mala-italija-i-oldtajmer-so-otvoren-pokriv-foto-15.jpeg

bajkovita-svadba-vo-skopje-so-tema-mala-italija-i-oldtajmer-so-otvoren-pokriv-foto-14.jpeg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Сара Мејс и Димитар на летување во Египет со Лазаров и Марта - мажите го учат Кирил да пие пиво (фот... „Кога ќе го оставиш детето на мажите“, напиша Лазаров и покажа како му дава на с...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Антониа Гиговска со кожена јакна без градник, Милена Антовска на свадба на Сардинија: Што прават мак... Весна Петрушевска беше на изложба за кучиња со миленикот Минки, Aлександар Белов...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg