Запросување на македонска блогерка во Германија со огромен натпис „Will you marry me?“ (фото)
- Детали
- вторник, 20 септември 2022
Дамјан ја запроси саканата Никица Ацева (25) од Скопје, во Германија по преселбата таму, а таа сподели фотографии од чинот со опис: „Му кажав ДА на мажот од моите соништа.“
Никица Ацева (25) од Скопје, блогер и иден маркетер (последна фаза на студии) веќе извесен период живее во Хановер, Германија со партнерот Дамјан, каде тој одлучи да започнат со нова етапа од нивната љубовна врска и ја запроси на романтичен начин.
Со натпис „Will you marry me“, Дамјан ја запроси Никица, која објави низа фотографии од мигот кој нема да го заборави до крајот на животот.
Инаку, во неодамнешно интервју за CRNOBELO.com, Никица откри дека градот е преубав и важи за еден од најзелените градови во Германија.
За преселбата од Македонија во Германија таа вели:
„На чекорот за преселба се одлучивме уште пред две години, но чекавме да спласне малку ситуацијата со короната. Со оглед на тоа дека претходно го студирав германскиот јазик на некој начин одамна се определив дека ќе работам нешто поврзано со јазикот, но на крајот испадна дека ќе работам „некаде“ со него.
Главно причината беше и двајцата да се доизградиме како личности, жедта за напредок и откривање на нови хоризонти. Многу ни е убаво и мило ни е што ни се пружи шанса да дојдеме тука.“
Прочитајте и Никица Ацева: „Атлантскиот Океан е студен, но во Португалија ќе имате еден од најубавите одмори во животот“
Повеќе фотографии од запросувањето:
С. С. | Црнобело