Македонската блогерка Никица Ацева и партнерот со уникатна свадбена фотосесија во јавен превоз (фото)
- Детали
- недела, 04 јуни 2023
Македонската блогерка Никица Ацева, која извесен период живее со вереникот во Германија, сподели забавни фотки од свадбената фотосесија направени во јавен превоз.
По романтичното запросување во Германија, македонската блогерка Никица Ацева и вереникот Дамјан направија уникатна свадбена фотосесија.
Младата блогерка и партнерот веќе извесен период живеат во Германија, а за фотосесијата избрале навистина необично и забавно место – јавен превоз.
Никица изгледа прекрасно во кратка бела венчаница, бели ракавици и елегантни сандали. Дејан, пак, носи црн костум.
„Патувањето низ животот со тебе е најголемиот благослов“, стои во описот на објавата.
Покрај забавните фотки од јавниот превоз, Никица сподели и други фотографии од свадбената фотосесија.
„Големиот ден се наближува и не можеме да бидеме повозбудени. Едвај чекам да бидам твоја сопруга засекогаш“, пишува во една од објавите на блогерката.
Прочитајте и: Никица Ацева: „Атлантскиот Океан е студен, но во Португалија ќе имате еден од најубавите одмори во животот“
Повеќе фотки од фотосесијата на парот:
Спирова С. | Црнобело