Александра Шијакоска со свршеникот гордо позира во креација на битолска дизајнерка: „Заедно го направивме ова ремек-дело“

„Минатата година не можев да присуствувам на настанот, но оваа година со задоволство ја прифатив поканата“ – напиша до фотографиите од настанот нашата инфлуенсерка, Александра Шијакоска. Убавата битолчанка гордо позираше заедно со нејзиниот свршеник Едмонд.

aleksandra-shijakoska-so-svrshenikot-gordo-pozira-vo-kreacija-na-dizajnerkata-od-detstvoto-zaedno-go-napravivme-ova-remek-delo-01.jpg

Во текот на вчерашниот ден (10.06) во Битола се одржа креативен ден, посветен на промоција и афирмација на модата и поддршка на стручното образование, во организација на текстилната струка на СОУ „Таки Даскало“ и Културно информативниот центар Битола, на кој присуствуваше и нашата инфлуенсерка Александра Шијакоска.

Шијакоска на својот Инстаграм профил сподели повеќе фотографии од креацијата што ја носеше на настанот, а во описот откри дека за неа биле задолжени нејзината дизајнерка од детството, Цаци Јанкуловска и ученичка од текстилната струка.

„Многу сум среќна кога се случува нешто убаво во Битола, а уште посреќна кога можам да бидам дел од истото. Минатата година не можев да присуствувам на настанот, но оваа година со задоволство ја прифатив поканата. Креативен ден со најкреативните професорки, студенти и тимот на @soutakidaskalo_tekstilnastruka во соработка со битолски дизајнери.

aleksandra-shijakoska-so-svrshenikot-gordo-pozira-vo-kreacija-na-dizajnerkata-od-detstvoto-zaedno-go-napravivme-ova-remek-delo-02.jpg

Во тим со мојата дизајнерка од детство @jankulovskacaci и ученичка на текстилна струка @ajdinii_ го направивме ова ремек дело. Цаци го направи, ние дадовме по некоја идеја. Многу е важно да се цени локалното и да си ги поддржуваме нашите дизајнери, а работа и идеи има за секој кој сака да работи и креира нешто“ – напиша таа.

View this post on Instagram

A post shared by Aleksandra Veseli Shijakoska (@aleksandrashijakoska)

На некои од фотографиите, убавата битолчанка позира со нејзиниот свршеник Едмонд, кој неодамна ја побара за сопруга и ѝ организираше романтично запросување во Солун.

Во продолжение погледнете ги фотографиите на Шијакоска од настанот:

aleksandra-shijakoska-so-svrshenikot-gordo-pozira-vo-kreacija-na-dizajnerkata-od-detstvoto-zaedno-go-napravivme-ova-remek-delo-03.jpg

aleksandra-shijakoska-so-svrshenikot-gordo-pozira-vo-kreacija-na-dizajnerkata-od-detstvoto-zaedno-go-napravivme-ova-remek-delo-04.jpg

aleksandra-shijakoska-so-svrshenikot-gordo-pozira-vo-kreacija-na-dizajnerkata-od-detstvoto-zaedno-go-napravivme-ova-remek-delo-05.jpg

aleksandra-shijakoska-so-svrshenikot-gordo-pozira-vo-kreacija-na-dizajnerkata-od-detstvoto-zaedno-go-napravivme-ova-remek-delo-06.jpg

aleksandra-shijakoska-so-svrshenikot-gordo-pozira-vo-kreacija-na-dizajnerkata-od-detstvoto-zaedno-go-napravivme-ova-remek-delo-10.jpg

aleksandra-shijakoska-so-svrshenikot-gordo-pozira-vo-kreacija-na-dizajnerkata-od-detstvoto-zaedno-go-napravivme-ova-remek-delo-09.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Александра Шијакоска шик за 31-от роденден: Бисери, корсет и животински принт за забавата во Битола Алејсандра Шијакоска вчеравечер направи роденденска забава, а се дотера во текса...
Антониа Гиговска со провокативна фотосесија за Денот на вљубените „Дали ќе бидеш мојот Валентин“ – напиша Антониа Гиговска до фотките на кои позир...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Сара Мејс и Димитар на летување во Египет со Лазаров и Марта - мажите го учат Кирил да пие пиво (фот... „Кога ќе го оставиш детето на мажите“, напиша Лазаров и покажа како му дава на с...
Аделина Тахири на одмор со сопругот на грчки остров – Денски на забава на плажа, ноќе во најпопуларн... „Мали моменти, големи спомени“ – напиша Аделина Тахири до фотографиите на Инстаг...
Кои се најпознатите браќа на македонската јавна сцена? Успешни музичари, одлични спортисти... Кои се најпознатите браќа на нашата јавна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg