Црна тоалета и фризура со ефект на мокра коса: Мартија Станојковиќ блесна на матурската вечер (фото)
- Детали
- четврток, 08 јуни 2023
Црн фустан со отсечоци на грбот, елегантни обетки и фризура со ефект на мокра коса... Мартија Станојковиќ блесна на прославата на матурската вечер, а фотографиите ги објави на Инстаграм.
Нашата пејачка Мартија Станојковиќ (19) годинава го завршува средното образование, а во Инстаграм Стори објави повеќе фотографии од прославата на матурата.
Во црна свечена тоалета, со партнерот кој ѝ подарил букет црвени рози, Мартија позира пред луксузниот автомобил со кој заминала на прославата, а потоа објави и фотки од неа и соучениците со кои заедно славеле матура.
Мартија на себе носи црн фустан со висока јака и отсечоци на грбот. Косата ѝ е пуштена и стилизирана со популарниот ефект на мокра коса, а целиот изглед го надополнила со елегантни обетки.
На Инстаграм Стори, фотографија со Мартија објави и нејзината мајка која напиша:
„Среќна матура мајкино!“
Инаку, за потсетување, Мартија Станојковиќ во 2015-та година го освои второто место на регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“, а во 2016-та година ја претставуваше Македонија на детскиот избор за песна на Евровизија.
Таа сега гради успешна музичка кариера.
Погледнете уште неколку фотографии од Марија:
Б. С. Б. | Црнобело