Македонец ја запроси девојката на натпревар на Јувентус: „Од мал знаев дека сакам да го направам тоа на стадион“
- Детали
- петок, 05 мај 2023
„Од кога знам за себе јас сум фан на Јувентус, па од мал бев решен дека ќе направам запросување на стадион. Тие емоции не можат да се опишат. Зорица не е фан на спортот, но кога веќе сум запнал - нема избор“, раскажа Зоран Наков (24) за CRNOBELO.com.
Македонецот Зоран Наков (24) од Штип ѝ приреди изненадување на својата девојка Зорица Арсова (27) од Велес и ја запроси на стадион во Торино, додека го гледале натпреварот на неговиот омилен клуб „Јувентус“ против „Наполи“.
Парот веќе некое време живее во Германија, а кога решиле дека ќе одат во Италија, и купиле билети за натпреварот, Зоран знаел дека тоа е вистинскиот момент да ја побара Зорица за сопруга и да имаат спомен што ќе трае цел живот.
За CRNOBELO.com Зоран раскажа за запросувањето:
„Во врска сме доволно долго и убаво се познаваме, па затоа решив да ја побарам за жена и да ги споделуваме сите моменти во животот заедно.
Од кога знам за себе јас сум фан на Јувентус, па од мал бев решен дека ќе направам запросување на стадион.
Тие емоции не можат да се опишат. Зорица не е фан на спортот, но кога веќе сум запнал - нема избор.
За прстенот побарав помош од пријатели и пријателки. Изборот беше тежок и малку ја згрешив големината, но грешката брзо се среди“, изјави Зоран.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело