Вирален статус на Македонец по грозоморниот чин во Србија: „Само продолжете да ги славите криминалците и ‘Задруга’“

„Снимете уште некоја моронска серија, каде криминалците се претставуваат како витези, малку се „Јужен ветер“ и „Клан“. Немојте никако да го тргате од телевизија Кристијан Голубовиќ. Дајте уште некоја болест како „Задруга“...“, гласи дел од моќната објава на Никола Здравковиќ која вирално се споделува.

viralen-status-na-makedonec-po-grozomorniot-chin-vo-srbija-slavete-gi-kriminalcite-emituvajte-zadruga-01.jpg

Никола Здравковиќ е македонски новинар, со српско потекло, кој по грозоморниот чин што ја потресе Србија, каде седмоодделенец уби 8 соученици и еден возрасен, напиша моќен Фејсбук статус, кој стана вирален.

viralen-status-na-makedonec-po-grozomorniot-chin-vo-srbija-slavete-gi-kriminalcite-emituvajte-zadruga-04.jpg

Ви ја пренесуваме неговата објава во целост:

„Снимете уште некоја моронска серија, каде криминалците се претставуваат како витези, малку се „Јужен ветер“ и „Клан“.

Немојте никако да го тргате од телевизија Кристијан Голубовиќ и слични крими карикатури, снимете уште некој документарец за другите криминалци и славете ги.

Дајте уште некоја болест како „Задруга“ и на национална телевизија да гледаме како ку*вите, простаците и примитивниот слој се пробива нагоре.

Воведете некои специјални награди за идиотите кои пеат за дрогата, криминалот, ку*вите.

viralen-status-na-makedonec-po-grozomorniot-chin-vo-srbija-slavete-gi-kriminalcite-emituvajte-zadruga-03.jpg

Поддржете го секој дебил, кој го исмева витештвото и убавото воспитување.

И после чудете се што малите кретени и монструми меѓу нас се поприсутни од кога било, што се како темпирани бомби од кои ќе настрада некој сосема невин.

Некој кого некој родител го растел од 100 грама, му се радувал и тагувал со него, давал сè од себе за да го направи човек.

viralen-status-na-makedonec-po-grozomorniot-chin-vo-srbija-slavete-gi-kriminalcite-emituvajte-zadruga-02.jpg

Се плашам браќа и сестри дека доаѓа време кога или они ќе нè истребат или ние нив.

Не велам да ги убиваме, туку да спречиме тие да убијат некој.

А ова што ние го правиме, не да не е спречување, туку им туркаме пиштоли во рацете“.

Снимите још неку моронску серију где се криминалци представљају као витези, мало су "Јужни ветар" и "Клан". Немојте...

Posted by Nikola Zdravković on Wednesday, May 3, 2023

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вирален статус на Македонец: „Мојата сопруга би ја прогласил за ‘Маж на годината’“ „Колку и да ги совладуваме обврските поделено, сè некако ми се чини дека жена ми...
Вирален статус на Македонец: „Жена (39) од Србија сподели дека си го сака животот, иако нема деца - ... „Огромно мнозинство фрлаше камења и отров по кутрата жена, само затоа што истата...
Македонец со сопругата Унгарка и синот води „живот на тркала“ - готват во кампер во Италија, пеат ма... Едит е македонска снаа од Унгарија која веќе одлично се снаоѓа со македонскиот ј...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Потресен статус на мајка на детенце со аутизам од Велес: „На 3 дена пред школската година некои роди... „Знаете дека некои дечиња нема да тргнат првиот ден на училиште со останатите? З...
Вирален статус на Македонка против сите што шират предрасуди: „Вработена, а бара помош – како не ѝ е... „Не смее да пие кафе, не смее да има другарки, од каде пари за кафе, уште малку ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg