Девојка од Скопје згрозена од сцена во скопски автобус: „На седиштето имаше оставено лушпи од велигденски јајца“
- Детали
- среда, 19 април 2023
„Автобусот беше речиси празен, ама бидејќи седев понапред, не забележав чие беше ова ‘уметничкото дело’, само знам дека двапати се свртев, затоа што не ми се веруваше првиот пат дека гледам во лушпи од јајце така оставени на седиште во автобус“, вели Ана Ристевска од Скопје за CRNOBELO.com.
Јавниот превоз неретко е место каде ќе најдеме мал милион докази за нашата некултура. Мастики залепени за столче, нозе качени горе, гласно зборување на телефон и што уште не.
Но, деновиве девојка од Скопје наиде на уште позгрозувачка ситуација.
Ана Ристевска на својот Инстаграм профил сподели дека наишла на лушпи од велигденски јајца оставени среде седиште.
Ана за CRNOBELO.com вели:
„Ова го забележав во автобусот со бр. 35, кога се симнав во Аеродром, на станицата кај Мајчин Дом при симнување од него.
Автобусот беше речиси празен, ама бидејќи седев понапред, не забележав чие беше ова „уметничкото дело“, само знам дека двапати се свртев, затоа што не ми се веруваше првиот пат дека гледам во лушпи од јајце така оставени на седиште во автобус.
Морав да ги сликнам за и јавно да го „пофалам“ авторот, како и сите останати што делуваат слично на него, за жал.“
С. С. | Црнобело