Објави снимки како бившата го тепа, со години се тужеа, а сега се ожени за 23 години помлада – Која е новата сопруга на турскиот Џони Деп?
- Детали
- среда, 15 март 2023
Објавуваше видео снимки од бившата сопруга како го тепа, со години водеше судски процес со неа, но тоа не го спречи турскиот актер Озџан Денис повторно да стапи во брак, овојпат со 23 години помлада девојка. Како изгледа новата сопруга на турскиот Џони Деп?
Турскиот актер Озџан Дениз (49) на македонската публика ѝ е познат по улогите во сериите „Истанбулската невеста“, а во родната Турција со години наназад привлекува внимание заради бурниот однос со поранешната сопруга Фејза Актан.
Пред само неколку месеци тој објави видео снимки од надзорни камери, на кои според него се гледа дека бил жртва на насилство од поранешната сопруга која што му се нафрлила и го удрила во моментот кога дошол во домот за да го види синот.
Но, лошото искуство со претходната сопруга не го спречува повторно да ѝ даде шанса на љубовта и да стапи во брак со 23 години помлада девојка од него.
Згодниот турски актер се ожени за дизјанерката Сaмар Дагдар која е по потекло од Иран. Тие двајца ја започнале врската од почетокот на 2021-ва година, а кон крајот на јануари годинава решиле да се венчаат.
Според дел од турските медиуми, актерот живеел заедно со младата Иранка во изминатите година и половина, а неговата мајка се противела на врската.
Неговата втора сопруга на Инстаграм објави нови фотографии од свадбата и венчавката, а до нив напиша:
„Те избирам тебе и ќе те изберам повторно и повторно, без пауза, без сомнеж, во овој миг. Ќе продолжам да се бирам во стотици животи и стотици светови и во секоја верзија на стварноста би те нашла како свој сопруг“.
Инаку, актерот претходно беше заедно со актерката и модел Фејза Актан која беше 20 години помлада од него и со која го има синот Кузеј.
Дениз и Фејза беа во брак 15 месеци, а во 2019-та година се разведоа спогодбено. Но, нивната приказна во голема мера наликуваше на онаа на Џони Деп и Aмбер Херд.
По разводот актерот ја обвини поранешната сопругата дека не ги извршувала добро своите мајчински обврски и дека неконтролирано трошела пари, а таа пак поднесе кривична пријава до обвинителството во Турција против поранешниот сопруг, Озџан Дениз и неговиот брат Ерсан Дениз и ги обвини за насилство.
Погледнете дел од фотографиите од медениот месец со новата сопруга:
Б. С. Б. | Црнобело