Турските Џони Деп и Амбер Херд: Актерот Озџан Дениз објави видео на кое поранешната жена го тепа (фото)
- Детали
- четврток, 03 ноември 2022
„Го фрли детето на земја и почна да ме удира. Кога сфати дека има безбедносни камери ми се приближи и се обиде да ме турка и да ме провоцира да ја удрам“ – турскиот актер Озџан Дениз сведочи како бил жртва на насилство од страна на неговата поранешна сопруга.
Македонската публика го знае по улогата на Фарук во „Истанбулската Невеста“, а турскиот актер Озаџан Дениз деновиве е топ тема во турските медиуми заради скандалозните судења со неговата 20 години помлада поранешна сопруга Фејза Актан.
Дениз Озџан и Фејза Актан беа во брак 15 месеци и заедно го добија синот Кузеј, а во 2019-та година се разведоа спогодбено. Но, нивната приказна во голема мера наликува на онаа на Џони Деп и Амбер Херд.
Актерот ја обвини сопругата дека не ги извршувала добро своите мајчински обврски и дека неконтролирано трошела пари, а таа пак поднесе кривична пријава до обвинителството во Турција против поранешниот сопруг, Озџан Дениз и неговиот брат Ерсан Дениз.
Таа тврди дека била изложена на физичко и пcихичкo нacилcтво од нив двајца.
Турската актерка тврдеше дека поранешниот сопруг ја тепал, ја изневерувал и ѝ упатувал закани по животот, но судот ги отфрли нејзините тврдења заради недостаток на докази.
Сега, 3 години подоцна, актерите повторно се на суд, но овојпат Озџан Дениз ја тужи поранешната сопруга дека го тепала и покажа видео снимка од безбедносните камери каде што се случил инцидентот, а во турските медиуми масовно се споделуваат фотографиите на кои се гледа дека Фејза Актан го удира поранешниот сопруг и дека му ја скинала маицата.
Во моментот кога Дениз Озџан дошол по синот, Фејза во домот била заедно со нејзината постара сестра Еда Актан, која исто така му се спротивставила според фотографиите.
„Дента кога се случи инцидентот, синот требаше да биде кај мене. Моето дете оди во градинка, а Фејза прави проблеми со одењето на детето во училиште. Ми се јавија од училиштето и ми кажаа дека мојот син Кузеј не е присутен во училиште.
Отидов кај неа дома да го земам детето и да разговарам со неа. Фејза ми рече да почекам. По половина час детето уште не беше подготвено. Ја прашав Фејза зошто не е подготвено детето“ – раскажува актерот.
Тој вели дека по ова неговата поранешна сопруга станала мошне гневна и го нападнала:
„Ја замолив да не се однесува така и да го подготви детето. Таа го фрли детето на земја и ме нападна. Кога сфати дека има камери почна да ме турка и да ме провоцира за да ја удрам.
Синот е уплашен од минатата ситуација кога Фејза ме удри со тежок предмет по главата и почна да плаче и да извикува ‘тато’. Дури го удри и детето со вратата додека тоа се обидуваше да ѝ отвори“ – рече тој.
По ова актерот вели дека повикал полиција и морал да го земе синот со помош на властите.
Повеќе фотографии од инцидентот во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело