Емотивна исповед на Марија Шерифовиќ за разводот на нејзините родители, нападите од татко ѝ и во какви односи се денес
Марија признава дека воопшто не се сеќава на еден голем дел од училиштните денови.
„Тоа беше еден убав период, ако одземеме некои проблеми, тоа беше убав период, имав одличен однос со професорите, со другарите, со кумот.
Севкупно имам убави спомени од Крагуевац и на луѓето таму. Вистина е дека таму некаде длабоко се кријат некои лоши работи, да речеме трауми, но нема потреба да копаме по нив.
Тоа за мене е едно поглавје кое е такво, не можев да учествувам, не можев да сменам, не можев ништо, ајде да продолжиме понатаму, оставете ме на мир, продолжувам со својот живот и тоа е тоа...“ – вели Марија.
Марија за првпат ја отвори душата и за односот со татко ѝ Рајко, па рече дека тие редовно се гледаат и дека сега се во добри односи.
„Направи Рајко многу проблеми во животот и јас за сѐ му простив затоа што тој прво ми е татко, родителите не можеме да ги бираме, воопшто не сакам да ги менувам.
Верица да се обидеше да има дете со некој доктор или пилот, сигурно немаше да се родам јас, туку некој малку понормален, малку повообичаен и тоа сигурно би било здодевно и не би имала толку добар слух“ – рече Марија.
Слушнете ја изјавата на Марија:
Б. С. Б. | Црнобело