Милица Дабовиќ, по Only Fans профилот, со роденденска порака до синот: „Сакам да имаш сè што јас не сум имала“
- Детали
- вторник, 20 декември 2022
Милица е самохрана мајка на Стефан... Таа поттикна лавина од реакции кога откри дека отворила профил на Only Fans, каде се споделуваат експлицитни содржини за одредена сума пари. „Не сум се откажала, туку сè поцврсто чекорам низ животот и додека сум жива ништо нема ниту да ти треба, ниту да ти фали. Сакам да бидеш најсреќното дете и да имаш сè она што јас никогаш не сум имала...“, гласи дел од роденденската честитка од Милица за синот.
Поранешната српска кошаркарка Милица Дабовиќ стана мошне популарна откако учествуваше во српското издание на шоуто Survivor, а потоа поттикна лавина од реакции кога откри дека отворила профил на Only Fans, место каде се споделуваат експлицитни содржини за одредена сума пари.
Но, таа постојано вели дека сето тоа го прави во име на обезбедување на подобар живот на својот син Стефан.
Милица е самохрана мајка на Стефан, кој вчера (19.12) го прослави својот петти роденден.
Некои ја нарекуваат лавица, други пак навистина ја осудуваат, но таа вели дека сама го бира својот пат.
https://www.instagram.com/p/CjiMK_qN5fy/
По повод роденденот на синот, Милица му посвети емотивна објава на Инстаграм:
„Те заспав и сега го имам она чувство кога не знам дали да врескам или да се смеам, затоа што дури сега сфаќам како животот пролета, годините се множат, а ти порасна!
Дури сега ја сфаќам баба ти која ми велеше уживај во секој миг додека е малечок.
Девет месеци те носев во стомакот и веќе 5 години те сакам со најубава, надреална сила, со каква само мајката знае да сака.
Повторно ќе кажам дека животот ми доби смисла поради тебе сине.
Пет години те гледам како дишеш, растеш, се менуваш, како се смееш, како паѓаш и плачеш, каков карактер имаш, колку голем борец си и колку ме сакаш. Морам кончено да ти признаам: „Ме оживеа, ме зајакна, ме смири!“
Не сум се откажала, туку сè поцврсто чекорам низ животот и додека сум жива ништо нема ниту да ти треба, ниту да ти фали.
Сакам да бидеш најсреќното дете и да имаш сè она што јас никогаш не сум имала, сакам да бидеш пример и радост и кога ти е тешко да не ја тргаш насмевката од лицето. Сакам да бидеш човек.
Ти си мој шампион, мој цар, мој борец, моја љубов, моја среќа, мој живот, мое сè и ќе бидеш најдобар фудбалер, баш онака како што ми зборуваш секој ден дека ќе ми купиш куќа, два автомобили и еден брод, но тоа е наша тајна знам.
Сакам да те чувам од сè. Дишеше во мене како што сега јас дишам гледајќи те тебе и ми даваш сила, која не може да се спореди ниту со комети, ниту со метеори, ниту со планети.
Ќе дадам сè од себе за да те научам да ги цениш малите работи, да ја почитуваш својата мајка, постарите од тебе, вредно да учиш и тренираш, да се бориш и никогаш да не се откажуваш, да бидеш искрен, лојален и храбар, ќе те научам да делиш, да им помагаш на луѓето во неволја, да бидеш пример и ако некој те удри или повреди да му вратиш трипати посилно.
Фала што ме избра мене да бидам твоја мајка. Горда сум на нас.
Среќен петти роденден животе мој!“
https://www.instagram.com/p/CmXc1f-Nt9G/