Милица Дабовиќ од Survivor зборува за профилот на сајт за возрасни: „Немам намера да продавам порно содржини, но се гордеам со телото“
- Детали
- среда, 09 ноември 2022
„Во моментов работам на отварање на мојот бутик, сакам да продавам облека, не знам дали сум позитивен пример за младите, но не сметам дека правам нешто лошо“ - кошаркарката Милица Дабовиќ и учесничка во Survivor отворено говори за тоа што прави по завршувањето на реалното шоу.
Кошаркарката Милица Дабовиќ стана мошне популарна откако учествуваше во српското издание на шоуто Survivor, а од неодамна привлекува внимание со профилот на сајтот за возрасни Only Fans, каде се споделуваат експлицитни содржини за одредена сума пари.
Милица гостуваше во емисијата на Огњен Амиџиќ „Амиџи шоу“ каде говореше за сопственото искуство на веб страната за возрасни Only Fans.
„На почетокот е секогаш најтешко, но мене ми изгледа дека ми тргна од рака. Јас тоа го сакам. Го сакам своето тело. Имам 40 години, водам сметка за исхраната и за изгледот, тренирам и сакам да се сликам, сакам да одам на плажа и во костим за капење.
Секогаш луѓето имаат нешто лошо да кажат, против тоа не можам и одлучив да не ставам повеќе фотографии на Инстаграм, туку овде“ – почна да раскажува Милица.
Таа вели дека, профилот настанал по облог, кога требало нешто да нарача, но ѝ било премногу скапо.
„Не знаев ниту што е тоа, гледав дека го спомнуваа во коментарите на моите фотографии, но воопшто не ме интерсираше. Реков: ‘дај и јас на брзина да заработам пари, зошто да не’. Објавувам слики од плажа...
Луѓето сакаат различни работи... Некој сака да разговара со мене. Јас би сакала да се задржам само на фотките од плажа, затоа што не сакам да се загрозувам себеси во која било смисла. Јас немам време за тоа, но тука има луѓе што сакаат од тебе за 5 или 15 долари максимално да им се дадеш и да им симнуваш ѕвезди од небото“ – вели таа.
Подоцна таа седна на жешкото столче во емисијата каде одговараше на повеќе незгодни прашања, каде откри дека во моментов подготвува свој бутик, но додека да го отвори бизнисот, Only Fans го користи како можност за заработка.
На прашањето дали смета дека им остава лош пример на младите таа рече:
„Па дали сум добар пример за младите не знам, но не правам ништо лошо, за мене луѓето се делат на добри или лоши. Само сакав да го покажам своето згодно тело, горда сум на своето тело и на тоа како изгледам“.
Прочитајте и Татко ѝ ја тепал, голи фотки од неа завршиле на сајт за возрасни – Скандалозниот живот на Милица Дабовиќ од Survivor
Б. С. Б. | Црнобело