Бајковитиот дом на Ана Ивановиќ во живописно австриско село - раскош од 400m2 (фото)
- Детали
- четврток, 27 октомври 2022
Големите и загадени градови ги заменија со живописно селце со само 3.500 жители на сончева висорамнина, среде планини... Совршено место за семеен живот, зарем не?
Tенисерката Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг фудбалерот Бастијан Швајнштајгер се повлекоа од професионалните спортски кариери и својот семеен мир го пронајдоа во живописното австриско селце Вестендорф.
Местото е сместено меѓу планини на сончева високорамнина и фотографиите оттаму се како разгледници.
Има само 3.500 жители, но е атрактивна туристичка дестинација – зимно време за скијање, а летно време за прошетки и пешачење.
Ана и Бастијан одлучија своите синови Лука и Леон, наместо во огромниот и загаден Чикаго, да ги растат на ова бајковито место.
Живеат во луксузна вила од 400m2 со многу зеленило, тениски и фудбалски терен.
Во ентериерот на нивниот дом преовладуваат светлите тонови и сè е хармонично уредено.
Со златната боја е додадена доза на гламур.
Има и совршена кујна, но и теретана во која Ана интензивно работи на одржување на својата форма.
Во домот на Ана Ивановиќ:
Preparing some family snacks and dishes for the new week. #healthiswealth pic.twitter.com/DNWWOmd0pS
— Ana Ivanovic (@anaivanovic) July 26, 2020
After Chicago, Ana Ivanovic and Bastian Schweinsteiger will call this picturesque Austrian village of #Westendorf
— Women's Tennis Blog (@womenstennis) November 11, 2019
their home https://t.co/kcZCUIJY5t pic.twitter.com/kZfMK9yLI7
С. С. | Црнобело