Ѕирнете во домот на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер во Чикаго (видео)
- Детали
- вторник, 17 октомври 2017
Тенисерката Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер својот дом го пронајдоа во Чикаго.
Тие идеалниот простор за живот го пронашле во пентхаус во хотелот Waldorf Astoria, кој е голем 230 метри квадратни.
Покрај луксузот кој се нуди во внатрешноста, нивниот апартман може да се пофали и со прекрасен поглед кон езерото Мичиген и панорамата на градот Чикаго.
Единствениот услов на Ана за новото живеалиште бил нивниот стан да има балкон, а интересно е тоа што тие овде донеле дел од мебелот од станот во Велика Британија за да се чувствуваат попријатно.
Според светските медиуми, купувањето на овој стан изнесува околу 10 милиони евра, а изнајмувањето околу 30.000 евра месечно.
Погледнете како изгледа станот опремен со најнова технологија:
М. М. | Црнобело