„Во Црна Гора ме касна рибата-змеј што се појави и во Грција - како ногата да ми беше во пламен, ќе се онесвестев од болка“
Попатно го дознал и решението – треба да го ставам стапалото во врел песок и сѐ ќе помине. И ја ставив ногата, без да размислувам за жештината на песокот.
Поточно, воопшто и не почувствував колку е жежок песокот заради болката, иако никој не можеше да чекори по него бос повеќе од неколку секунди.
И таман кога помислив дека веќе нема да можам да издржам, почна да делува. Боли силно, но се намалува. И уште повеќе се намалува... Ете ме мене под чадорот за сонце, со шишенце вода се обидувам да сфатам што се случило.
Значи сум згазила на рибата со латинско име Trachinus draco, права напаѓачка која скриена во песокот со своите отровни боцки лови сѐ што ќе ѝ се приближи – ракови, помали риби, јас...
И додека келнерот на помин ми дофрла – пече малку а? Јас на Google наоѓам дека некои рибари заради болка себеси сакале да си го отсечат прстот ако по грешка ја уловеле.
Во целата ситуација добро е што отровот ѝ е термолабилен, што значи дека топлината му е слаба страна, па затоа треба ногата да ја зариете во врелиот песок или во многу врела вода и да ја држите 15-тина минути додека не пројде.
А дали повторно влегов во вода? Секако. Ада е преубава, а и најдов „лек“ за Драгана, па свесно ризикував. Секако, во оние патики за вода“.
По вестите дека познатата риба змеј сѐ почесто може да се сретне и на грчките плажи, тамошните медиуми објавија текстови во кои нагласуваат дека доколку ве касне оваа отровна риба, потребно е задолжително да посетите лекар, затоа што многу е веројатно да имате и алергиска реакција на отровот.
Освен тоа, нивните препораки се слични со она што го направила Србинката во Црна Гора – веднаш да се дезинфицира местото на убод со алкохол и да се стави во топла средина.
Отровот на рибата змеј се деактивира при температури од 50 степени Целзиусови.
Вообичаено болката целосно исчезнува по период од 48 до 72 часа.
Прочитајте и „Бев на одмор во Грција, ме опече виолетова медуза - како ми реагираше телото?“
Б. С. Б. | Црнобело