По смртта на сопругот, Николина Пишек наоѓа утеха во ќерката: „Знам дека татко ти ќе се гордееше со тебе“ (фото)

„Горда сум до небото, а знам дека ќе се гордееше и татко ти...“ – Николина Пишек за првпат објави нови фотографии по смртта на сопругот, а јасно е дека најголема утеха во овој тежок период од животот ѝ е нивната ќерка Уна Софија (7), на која и таа самата ѝ е најголема поддршка.

po-nenadejnata-smrt-na-soprugot-nikolina-pishek-naogja-uteha-vo-kjerkata-znam-deka-tatko-ti-kje-se-gordeeshe-so-tebe-foto-01.jpg

По ненадејната смрт на сопругот, Николина Пишек (46) за првпат сподели нови фотографии на својот Инстаграм профил, а поводот е првата балетска претстава на нивната ќерка Уна Софија.

Николина до фотографиите стави краток, емотивен опис, во кој го спомна нејзиниот прерано починат сопруг.

„Мојата мала љубов ја изигра својата прва балетска претстава. Горда сум со небото. Ќе се гордееше и татко ти, знам...“ – напиша таа до фотографиите.

Инаку, Николина целосно се повлече од јавноста во изминатиот месец, откако нејзиниот сопруг Видоје Ристовиќ ненадејно почина во 44-тата година од неговиот живот.  

По големиот број шпекулации што се ширеа околу смртта на познатиот српски трговец со уметнички дела и археолог, минатата недела конечно беше објавен и токсиколошкиот наод на Видоје, според кој како причина за смртта се наведува воспаление на срцевиот мускул што најверојатно било предизвикано од вирус.

po-nenadejnata-smrt-na-soprugot-nikolina-pishek-naogja-uteha-vo-kjerkata-znam-deka-tatko-ti-kje-se-gordeeshe-so-tebe-foto-03.jpg

Било утврдено дека во моментот кога настапила смртта имал околу 2,83 промили алкохол во крвта, а исто така консумирал и лекови за смирување, но кои не биле во токсична концентрација и не би можеле да предизвикаат смрт.

po-nenadejnata-smrt-na-soprugot-nikolina-pishek-naogja-uteha-vo-kjerkata-znam-deka-tatko-ti-kje-se-gordeeshe-so-tebe-foto-02.jpg

Ова се први нови фотографии што Николина ги објавува откако на почетокот на минатиот месец јавно се прости со својот сопруг, а очигледно е дека нивната заедничка ќерка Уна Софија во моментов е најголемата утеха во животот на познатата хрватска водителка.

Прочитајте и „Ах, да не бевме во трка по уште една обврска“ - Николина Пишек со емотивна објава се збогува од починатиот сопруг

Погледнете уште неколку фотографии во продолжение:

po-nenadejnata-smrt-na-soprugot-nikolina-pishek-naogja-uteha-vo-kjerkata-znam-deka-tatko-ti-kje-se-gordeeshe-so-tebe-foto-05.jpg

po-nenadejnata-smrt-na-soprugot-nikolina-pishek-naogja-uteha-vo-kjerkata-znam-deka-tatko-ti-kje-se-gordeeshe-so-tebe-foto-06.jpg

po-nenadejnata-smrt-na-soprugot-nikolina-pishek-naogja-uteha-vo-kjerkata-znam-deka-tatko-ti-kje-se-gordeeshe-so-tebe-foto-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившата му родила син, додека тој бил во врска со друга – Љубовниот живот на Лука Јовиќ е како шпанс... Јавноста дозна дека на 22 години Лука Јовиќ стана татко и доби син, а само 4 мес...
Стефан Ѓуриќ Раста се кае за грешките од минатото: „Ќерка ми има трауми од периодот додека бев во за... „Многу ми значи односот со Тара, затоа што ние двајца заедно растеме и поминувам...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Софија Мило и Лука Јовиќ заљубени како првиот ден: „Секој ден му благодарам на Бога што те испрати в... Еден од најубавите српски парови, Софија Милошевиќ и Лука Јовиќ, објавија нови ф...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...
„Татко ми ми рече дека сум психопат – сакав сите така да ме помнат“ – Сведочење на детето-убиец од „... „Не сакав полицијата да ме убие“ – Детето-убиец од „Рибникар“ вчера четири часа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg