Свадбата во Монте Карло чинела 400.000 долари, сака скапи часовници – кој е сопругот на хрватската заводничка Николина Пишек?
- Детали
- петок, 04 март 2022
Николина и Видое се во брак од 2013-та година. Се венчаа во Монте Карло, а за нивната свадба која чинела 400.000 евра се говореше со денови. Кој е Видое Ристовиќ, сопругот на хрватската водителка и татко на нејзината втора ќерка?
Хрватската водителка и актерка Николина Пишек (45) на македонската јавност ѝ стана позната откако беше водителка на регионалното шоу „Операција триумф“.
За неа се знае дека има две ќерки и дека е во среќен брак со сопругот Видое Ристовиќ со кого во изминатиот период е во посета на САД, од каде редовно објавува фотографии и видеа.
Но, кој е Видое Ристовиќ и како започна нивната љубовна приказна, проследете во продолжение:
Видое Ристовиќ (43) е српски историчар на уметност, кој е во брак со Николина Пишек од 2013-та година, а заедно ја имаат ќерката Уна Софија. Тие се венчале во Монте Карло.
Николина и Видое имаат идентични тетоважи со датумот „28.08.2012“ до кој пишува „благословени“, за кој открија дека е денот кога всушност меѓу нив се родила љубов.
Српскиот историчар на уметност од претходен брак ја има и ќерката Матеа, а во 2011-та година привлече внимание кај српските таблоиди поради врската со српската актерка Катарина Радивојевиќ, позната по улогата на Зоне во филмот Зона Замфирова, заради која се развел со првата сопруга.
Видое потекнува од богато семејство. Татко му, Виктор Ристовиќ во белградските кругови е познат како Миша Гроф затоа што уште од 90-тите години на минатиот век почнал да се занимава со трговија на антиквитети и уметнички дела. Тој споделува фотографии и од скапите часовници, а за еден од нив чини од 100.000 до 500.000 евра.
Во медиумите од регионот се шпекулира дека таткото на Видое редовно доставувал уметнички дела за Аркан и дека бил поврзан со тогашниот политички врв, но и со белградското подземје.
Освен заради врските со познатите девојки, Ристовиќ бил тема во медиумите и во 2011-та година кога бил уапсен за неовластено поседување оружје. Во 2012-та година го признал делото и бил осуден на 9 месеци притвор. Судот му дозволил казната да ја издржува во сопствениот дом.
Видое и Николина се запознале во Дубровник, а потоа повторно се сретнале во Црна Гора и во Белград. Врската ја обелоденија во 2012-та година кога беа уловени од папараци фотографи на еден сплав во Белград.
За нивната свадба во Монте Карло се пишуваше со денови во медиумите од регионот, затоа што наводно истата чинела 400.000 евра.
Видое на својот Инстаграм профил редовно објавува фотографии од него со ќерката Уна Софија.
Б. С. Б. | Црнобело