„Ах, да не бевме во трка по уште една обврска“ - Николина Пишек со емотивна објава се збогува од починатиот сопруг
- Детали
- среда, 11 мај 2022
„Сакам да се сеќавам на тебе ваков... Насмеан, ведар, во бои, под сонцето. Со сите нас... Само да имаше вакви мигови повеќе. Да не бевме во трка по уште една обврска, по уште некоја прилика, да не чекавме уште нешто да дојде на место за да можеме сите заедно да бидеме вака среќни...“, гласи дел од емотивната објава на хрватската водителка.
Во саботата (07.05) околу полноќ ненадејно почина сопругот на хрватската водителка Николина Пишек (46), Видоје Ристовиќ (44).
Николина тогаш ја потврди смртта на саканиот, но сега за првпат се огласи на Инстаграм со емотивна објава за него и сподели низа прекрасни семејни фотографии.
Николина и Видоје ја имаат ќерката Уна, а тој има уште една ќерка Матеа.
Емотивната објава на Николина:
Сакам да се сеќавам на тебе ваков...
Насмеан, ведар, во бои, под сонцето.
Со сите нас.
...Само да имаше вакви мигови повеќе.
Да не бевме во трка по уште една обврска, по уште некоја прилика, да не чекавме уште нешто да дојде на место за да можеме сите заедно да бидеме вака среќни.
Некои средби никогаш не ги дочекуваме.
Но, и вака сум богата и сите ние заедно, богата поради непроценливите мигови со тебе, кои би можеле да исполнат и три животи.
И ти благодарам за секој од нив.
Прости ми и благодарам на секоја тага - и тие нас нè градеа.
Ти благодарам за љубовта.
Ти благодарам за Уна.
Ќе живееш во секој од нас додека дишеме.
И ќе те гледаме во твојата Уна и твојата Матеа и ќе знаеме дека сме со тебе, додека тие растат горди на тебе.
Наш си.
Патувај и не грижи се...“
С. С. | Црнобело