Се здебелила 15kg, доењето ја враќа во форма – Софија Мило е една од најубавите Србинки и по две родени деца
- Детали
- понеделник, 23 мај 2022
„Со второто бебе постојано сум уморна и воопшто не сум физички активна“ – откри српската манекенка Софија Мило. Сега, два месеци по породувањето Софија објавува нови фотографии со кои покажа дека брзо се врати во форма. Која е нејзината тајна?
Српската манекенка Софија Милошевиќ (32) која е позната и по тоа што е во врска со фудбалерот Лука Јовиќ, на Инстаграм редовно споделува фотографии во кои ја покажува сопствената неверојатна фигура и тоа само два месеци откако на свет го донесе второто дете.
Софија за време на втората бременост редовно објавуваше фотографии од својот труднички стомак, а за неа велеа дека е една од најубавите трудници.
Сега, два месеци по раѓањето на синот Теодор, Софија објави повеќе фотографии за потребите на сопствениот бренд Sofi Milo, со кои покажа дека за многу брзо време успеала да се врати во топ форма.
Таа, за време на бременоста даде интервју во кое говореше дека втората бременост ја поднела многу потешко од првата.
„Со Алексеј имав мачнини во првите три месеци и потоа бев мошне активна трудница, додека со второто бебе постојано сум уморна и воопшто не сум физички активна. За време на целата бременост, не мислам само на првиот триместар“ – рече Софија и додаде дека се здебелила околу 15 килограми.
Таа откри дека по првата бременост планирала веднаш да почне да вежба за да се врати во форма, но благодарение на генетиката и доењето успеала да ги симне килограмите веднаш и тогаш рече дека се надева дека така ќе биде и вториот пат.
Убавата Србинка во неколку наврати се трудеше да ја поткрене свеста за важноста на доењето така што објавуваше фотографии на кои се гледа дека го дои во јавност првиот син, а исто така важи и за една од порелаксираните мајки која руши предрасуди.
Сега, по второто дете, Софија не чекаше многу за да се врати на работните ангажмани, а ако во минатото можевме да ја видиме како дои додека ја шминкаат, сега синот Алексеј редовно е со неа за време на фотографиите што ги објавува.
Прочитајте и Србинката Софи Мило „руши предрасуди“ - го дои синчето во јавност и го шета на дожд
Инаку, Софија и Лука Јовиќ се заедно од 2019-та година, во 2020-тата година го добија синот Алексеј, а кон крајот на март годинава и синот Теодор.
Ако можеме да судиме според фотографиите што таа ги објавува на нејзиниот Инстаграм профил, очигледно е дека не ѝ било потребно премногу време за брзо да се врати во форма.
Погледнете дел од нејзините фотографии:
https://www.instagram.com/p/Cc5wuwVrdth/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело