Не се активни на социјални мрежи, имаат две деца и иста професија – кој е сопругот на Констракта? (фото)
- Детали
- понеделник, 07 март 2022
Ана Ѓуриќ, позната по сценското име Констракта, ја понесе победата во Белград на Беовизија со песната In corpore sano со која ќе ја претставува Србија на овогодишната Евровизија во Торино, Италија во мај.
Но, многумина прекуноќ се заинтересираа за нејзиниот приватен живот со оглед на тоа што малкумина и знаеја некакви детали за неа до победата.
Малкумина знаат дека пејачката дипломирала на Архитектонскиот факултет, и дека е горда мајка на две деца – девојче и момче, Лена и Никола.
Таа е во брак со Милан Ѓуриќ, за кого, исто така, на социјалните мрежи пишува дека како и Констракта е архитект.
Очигледно е дека парот не е често активен на друштвените мрежи, и ретко може да се најдат неколку заеднички фотографии со децата.
Според информациите што може да се најдат Милан работел како доцент на Факултетот за Архитектура во Белград, но има и свое студио за архитектура.
Констракта која од 2006-та година била членка на група Zemja gruva зад себеси има голем брок успешни концерти низ целиот регион, а на сите настапи носи вреден накит што ѝ е подарок од свекрвата.
Таа вели дека на секој настап ги носи трите златни прстени што ѝ ги подарила мајката на нејзиниот сопруг.
„Стари се стотина години, а ги добив од свекрвата“ - рече таа.
Во меѓувреме, драматичната изведба и силните стихови ги освоија слушателите и за кратко време по победата, Констракта предизвика големо внимание во јавноста, а победничката песна е прва во трендинг.
Прочитајте и Зошто ја спомена токму косата на Меган Маркл? - Детали за симболиката на српската евровизиска песна In Corpore Sano
Погледнете го целосниот видеозапис за Триптих на Констракта:
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





