Зошто ја спомена токму косата на Меган Маркл? - Детали за симболиката на српската евровизиска песна In Corpore Sano
- Детали
- недела, 06 март 2022
Малкумина знаеја за Ана Ѓуриќ - Констракта, сѐ додека таа не се појави на првата полуфинална вечер на Беовизија 2022 година и не предизвика бројни реакции со својот ексцентричен настап и песна.
За кратко време по нејзиниот настап, Констракта предизвика големо внимание во јавноста.
Нејзината песна In Corpore Sano набрзо се најде на тронот на трендингот, а обложувалниците каде што не беше ни на повидок пред полуфиналето, ја ставија на самиот врв на фаворитите на престижното натпреварување.
И за волја на вистината, тие не погрешија. Вчеравечер Констракта ја однесе победата на финалната вечер на Беовизија 2022 и со тоа ќе ја претставува Србија на Евровизија во Торино оваа година.
Инаку, нејзиното уметничко име е вистинска мистерија, а еднаш открила дека псевдонимот што го користи ги сплотува рационалното и емотивното во едно.
Нејзините стихови „Која е тајната на здравата коса на Меган Маркл?“ ја освоија публиката, а Констракта откри зошто поранешната војвотка од Сасекс успеала да биде „ѕвезда“ во нејзината песна.
„Решив да ја спомнам Меган Маркл во песната бидејќи во весници пишуваат дека има убава коса... Има и поубава коса од Кејт Мидлтон, да не се лажеме. Кејт има прекрасни шапки, а Меган убава коса. И Меган беше протерана, а ние ги поддржуваме прогонетите“.
Низ социјалните мрежи, особено на ТикТок вирално почнаа да се шират видеа со евровизиската песна, а исто така во јавноста одекна вест дека песната била посветена за колега (музичар) кој боледувал од леукемија и не можел да се лечи бидејќи немал здравствена книшка.
Сепак, на крајот Констракта ги демантираше овие гласини:
„Велите дека на луѓето им биле потребни 24 часа да го разберат значењето на песната? Во ред, 24 часа се сосема во ред. Не е точно дека песната е посветена на починатиот музичар, како што беше кажано“.
На прашањето дали во Торино ќе пее на српски јазик, Констракта одговори:
„Јас би пеела на српски и би оставила титл, ако се прашувам, но рано е. Песната има многу слоеви, па секој нека избере што ќе слушне. Ајде да размислиме. Единствената порака на песната не е дека уметниците немаат здравствено осигурување, здравствена книшка. Овој фестивал е добар за да се претстави дел од она што постои во музичката продукција во Србија“.
Имено, називот на песната In Corpore Sano, во превод значи „Во здравo тело“, а пејачката вели:
„За здравјето се зборува како нешто што е целосно во наша контрола, само ако го правиме ова, го купуваме она, го следиме најновиот тренд, го слушаме тоа... Човек мора да биде здрав. Тоа е притисокот што нѐ остава во страв.
Од друга страна, можно е да се постигне здрав разумски однос во кој здравјето е донекаде во наши раце, во кое болеста и смртта се прифаќаат со помал страв. А системската поддршка е тенка, за жал како во здравството, така и во едуцирањето на таа тема. Здравството е сè понедостапно и поскапо...“
Со оглед на тоа што нема здравствена книшка, на прашањето како ќе оди во Италија без здравствено осигурување, таа одговори:
„Ќе платиме приватно, ние плаќаме доста“.
По прогласувањето на победата Ана беше преплавена од емоции, а тоа се забележуваше при примањето на честитките.
Mалкумина знаат дека пејачката која ја однесе победата на Беовизија 2022, има завршено архитектура и е горда мајка на две деца - Лена и Никола.
Стихот Umetnica mora biti zdrava е вистински хит на социјалните мрежи (особено на ТикТок), а беовизискиот настап веќе бележи повеќе од 1 милион прегледи.
@vladimirgaribaldi UMETNICA MORA BITI ZDRAVA #konstrakta #eurovision2022 #beovizija2022 #nemamknjizicu #corporesano #viral #serbia #balkan @konstrakta @eurovision ♬ original sound - Budokan
Во продолжение погледнете го официјалниот видео запис за песната In Corpore Sano:
https://www.youtube.com/watch?v=bwxsmVWbuNc
Кои се вашите впечатоци?!
Мила М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





