Андрија Милошевиќ направи голема забава по повод раѓањето на синот и одржа емотивен говор (фото)
- Детали
- четврток, 03 март 2022
„За мене иднината е убава“ – вели актерот Андрија Милошевиќ, кој во петокот стана татко по првпат.
Актерот Андрија Милошевиќ (45) и неговата партнерка Александра Томиќ (38) минатата недела станаа родители на Релја, а деновиве дозволија само да ѕирнеме и да видиме како изгледала нивната приватна прослава во ресторан во Белград, по повод раѓањето на синот.
Актерското дуо кое подолго време живее заедно е познато по тоа што приватниот живот го чува подалеку од очите на јавноста, но на Инстаграм споделуваат видеа во кои се гледа атмосферата од веселбата.
На Инстаграм Стори кај Александра Томиќ се објавени две кратки видеа во кои се гледа како среќниот татко им се обраќа на присутните, па вели:
„Сѐ додека се раѓаат деца, за мене лично иднината е убава“ – вели актерот и може да се забележи дека не ги крие емоциите.
Во ексклузивно интервју пред породувањето Александра и Андрија открија дека името на нивниот син го избрал најдобриот другар на Александра, таа откри дека бременоста ја поминала лесно, а единствен проблем ѝ било тоа што се соочила со дијабетес.
Додека со нетрпение ги очекуваме новите фотографии од малиот Релја, погледнете повеќе фотографии од Александра и Андрија во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело