Партнерката на Андрија Милошевиќ го покажа трудничкиот стомак во 8-иот месец од бременоста: „Со нетрпение го очекуваме синот“
- Детали
- среда, 16 февруари 2022
„Нетрпеливи сме да го запознаеме нашето дете“ – вели партнерката на црногорскиот актер Андрија Милошевиќ, Александра Томиќ. Тие говореа за тоа како се справувале со бременоста во време на пандемија, а го открија и полот и името на новиот член на нивното семејство.
Црногорскиот актер Андрија Милошевиќ (43) наскоро ќе стане татко. Тој и неговата долгогодишна партнерка Александра Томиќ (38) го очекуваат првото дете, а за првпат отворено проговорија за големиот број предизвици со кои се соочиле во изминатите месеци.
Александра треба да се породи следниот месец со првото дете, а во интервју за story.rs откри кој пол е бебето и како ќе се вика, но и кој му го дал името.
На прашањето за тоа како е да се биде бремена во време на пандемија, таа рече:
„Пандемијата е предизвик за сечија психа, а особено за бремените жени. Жените се мошне чувствителни во овој период и се преоптоварени со голем број совети и туѓи искуства, па кога на тоа ќе се додаде стравот од овој ужасен вирус, често тоа може да стане премногу за една жена“ – вели таа.
Српската актерка додава дека, за среќа, имала мошне лесна бременост и немала премногу предизвици, па чувствува дека не смее да се жали.
Нагласува дека апсолутно е подготвена да стане мајка и дека „едвај чека да го види своето дете“.
Инаку, Александра и Андрија во ова интервју за првпат открија дека очекуваат син, а дека бебето ќе се вика Релја.
„Името му го даде еден од моите најдобри другари, Стеван, со кого заедно тргнавме во прво одделение уште во 1990-та година и сè уште сме неразделни“ – раскажува Александра.
Андрија, пак, не ја крие среќата дека наскоро ќе стане татко, а како што вели не чувствува дека кај него се менува интензитетот на радоста затоа што ќе добие син:
„Би сакал да имаме и ќерка и син, да се радуваме на новиот живот, тоа е нешто најсвето под ова небо. Да имате чувство на смисла и целосна исполнетост, тоа е она по што трага секој добар човек“ – вели тој и додава дека се надева дека еден ден ќе формираат големо семејство.
Погледнете повеќе нивни фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело