Време е за мимози: Херцег Нови по 53-ти пат го организира познатиот „Празник на мимозите“ (фото)
- Детали
- понеделник, 28 февруари 2022
„Фестивалот на мимозите“ во Херцег Нови е еден од најстарите и најпопуларни фестивали на овие простори. Оваа година тој започна на 18 февруари, а ќе трае до 5 март, славејќи го својот 53-ти роденден.
Фестивалот започна со концерт на Неда Украден на плоштадот Никола Ѓурковиќ, а ќе заврши на 5 март со традиционалното „палење на карневалските маски“.
Секој ден е исполнет со богата програма и забавни настани за посетителите од целиот Балкан.
https://www.instagram.com/p/CaPMkC2r1E5/
Овој предел е препознатлив по цветањето на мимозите, вид растение од родот акација (Acacia), а во Херцег Нови и Бока Которска се одгледуваат околу 20 вида.
Се смета дека првите мимози стигнале во Франција во текот на 18 век и прво се саделе покрај вилите на богатите луѓе кои зимата ја поминувале во Франција.
Мимозата е симбол на жените, слободата, чувствителноста. Таа симболизира почитување, носи среќа во работата и љубовта. Пораката која ја носи цветот мимоза е – верна љубов.
Погледнете како годинава изгледа Херцег Нови во екот на фестивалот, обоен во жолтите прекрасни мимози:
https://www.instagram.com/p/CaPzRKrIo0v/
https://www.instagram.com/p/CZ1MJanLsHP/
(О)Милена | Црнобело