Која е Марија Микиќ, една од фаворитите за српски претставник на Евровизија 2022? (фото)
- Детали
- четврток, 03 март 2022
Во српските медиуми се шпекулира дека е бремена, зрачи со шарм и убавина, има впечатлив моден стил и е трета на листата на фаворити за српски претставник на Евровизија - што знаеме за Марија Микиќ?
Италијанскиот град Торино ќе биде домаќин на 66-тото издание на „Евровизија 2022“. Натпреварот ќе се одржи од 10 до 14 мај.
Србија ќе го избере својот претставник на фестивалот „Песна за Евровизија 22“, преку две полуфиналиња кои ќе се одржат на 3 и 4 март и големото финале на 5 март.
35 изведувачи се борат за победа, а досега големо внимание привлече песната „Love inspires me“ во изведба на Марија Микиќ.
Голем број позитивни коментари добија песната и гласот на шармантната пејачка, која претходно изјави дека е подготвена и за победа и пораз.
Судејќи по големата анкета што се наоѓа на „Euroworld“ и реакциите на социјалните мрежи, Марија е помеѓу првите три фаворити за заминување во Торино.
Пред неа, на првото место е Зорја со истоимената песна, а на второто место е Сара Јо, со песната „Muškarčina“.
Во српските медиуми се шпекулира дека пејачката е бремена, но ја крие веста од јавноста, па останува да видиме дали е тоа вистина и дали ќе ја претставува земјата, со оглед на тоа што е на третото место од листата на фаворити.
Марија Микиќ е родена во Белград, на 22 јуни 1992 година. Таа е српска пејачка и гласовна актерка, а учествувала во првата сезона на музичкиот натпревар „Прв глас на Србија“.
Марија го позајмува својот глас во синхронизациите на многу популарни анимирани филмови како How to Train Your Dragon, Kung Fu Panda, Trolls, Alvin and the Chipmunks…
Правилото на Евровизија е дека „нема правила“ кога се работи за избирање на фаворит од публиката, па останува само да видиме што ќе се случи.
Повеќе фотки од Марија:
(О)Милена | Црнобело