Провокативните фотки се дело на нејзиниот дечко – Која е најзгодната хрватска навивачка?
- Детали
- сабота, 19 март 2022
Често ја поврзуваат со спортисти, а таа признава дека имала само тројца дечковци, од кои со последниот е во врска повеќе од 7 години, а тој е заслужен за нејзините провокативни фотки - која е хрватската навивачка Ивана Кнол што ги освои мажите во регионот?
Ивана Кнол или најпознатата хрватска навивачка е хит на Инстаграм со нејзините жешки фотографии, а јасно е зошто ја освои и машката публика во регионот.
Таа често споделува свои фотографии од спортските настани во светот, а минатиот месец сподели фотографии од Super Bowl 2022 во САД, што беа пренесени во најголем број од медиумите во регионот.
Ивана на настанот се појави во провокативно издание и остави многу малку на имагинацијата: „Јас и The Rock на Super Bowl 2022“ – напиша таа до фотографиите.
Што знаеме за згодната хрватска навивачка што привлекува огромно внимание со нејзините фотографии на Инстаграм?
Ивана Кнол има 28 години, по потекло е од Хрватска, а родена е и порасната во Германија.
Препознатлива е по долгата црна коса, но таа во одговор до обожавателите призна дека природно има руса коса.
Таа говореше и за сопствениот љубовен живот, па во текот на минатата година на Инстаграм појасни дека имала тројца дечковци, а со последниот е заедно над седум години:
„Секогаш ме поврзувате со спортисти. Не сум била досега во врска со спортист. Мојот дечко е архитект по струка, но се занимава со градежништво“ – рече таа.
Ивана откри дека најголемиот број фотографии што таа ги објавува на Инстаграм се дело на нејзиниот дечко.
Ивана влезе и во актерските води со улогата во хрватската серија Dar Mar.
Инаку, Ивана стана позната откако навиваше на хрватската репрезентација на Светското првенство во Русија 2018, а нејзин заштитен знак се фотографиите од спортските настани.
На следната страна погледнете повеќе фотографии од Ивана...
Би можело да ве интересира:





