Факти за Србинката што го освои Боливуд – има сопруг Индиец, води раскошен животен стил
- Детали
- сабота, 12 февруари 2022
-->
Наташа Станковиќ е Србинка што во последните 10-тина години успеа да го освои Боливуд со своите улоги во поголем број познати индиски филмови. Таа редовно објавува видеа на својот Инстаграм профил на кои танцува.
За Србинката што го освои Боливуд ретко кој знае на нашиве простори, но таа е родена во Пожаревац, Србија во 1992-ра година.
-->
Во 2012-та година се преселила во Индија, каде почнала да ја гради својата кариера како танчарка, модел и актерка.
Во продолжение проследете неколку интересни факти за неа:
Најголемата слава ја стекнала со улогата во политичката драма Satyagraha, по што учествувала во поголем број филмови, како и во индиската верзија на „Големиот брат“, позната како Bigg Boss 8.
-->
На почетокот на својата кариера Наташа во 2015-та прво се појавила како модел во спотот на индискиот музичар DJ Wale Babu за песната Badshah.
-->
Наташа во минатото беше во врска со познатиот боливудски актер Али Гони и привлекуваше големо внимание во индиските медиуми.
Наводно, причините за нивното раскинување биле аферите што тој ги имал со актерките Ели Аврам, и понекогаш со Урваши Раутела.
Во јануари 2020-та година, јавноста во Индија била мошне изненадена од вестите дека Наташа се верила со крикет играчот Хардик Панду, кој е мошне популарен таму и игра за националниот крикет тим.
https://www.instagram.com/p/CYn4EC5F672/?utm_source=ig_web_copy_link
Додека сите очекувале да ја најават свадбата, Наташа се појавила со огромен прстен и изјавила дека се венчале во тајност, за време на карантинот.
https://www.instagram.com/p/CPxyxxMAKL3/?utm_source=ig_web_copy_link
Тие во јули 2020-та година го добија синот Агастја, а на социјалните мрежи редовно споделуваат заеднички фотографии.
Неодамна во индиските медиуми излезе информацијата дека Наташа е бремена по вторпат, но таа ги отфрли таквите пишувања. Таа на Инстаграм има 3,2 милиони следбеници, а особено е популарна со видеата на кои танцува.
Повеќе фотографии од Наташа на следната страна...
Би можело да ве интересира:
Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите
Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро...
Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Првиот сопруг на Наташа Беквалац објави нејзини голи фотки, го обвинуваа за афери и јавно кажа: „Ми ...
Тврдеа дека додека бил во болница тој имал афера со медицинска сестра, а неа ја ...
Неда Украден изгледа совршено на плажа во бело бикини на 73 години - Која е тајната на нејзината фит...
„Секоја чест жено, ако ова не е Фотошоп тогаш ти симнувам капа“ – коментираат сл...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“
„Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос...
„Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...