Факти за Србинката што го освои Боливуд – има сопруг Индиец, води раскошен животен стил

Наташа Станковиќ е Србинка што во последните 10-тина години успеа да го освои Боливуд со своите улоги во поголем број познати индиски филмови. Таа редовно објавува видеа на својот Инстаграм профил на кои танцува.

fakti-za-srbinkata-shto-go-osvoi-bolivud-ima-soprug-indiec-vodi-raskoshen-zhivoten-stil-01.jpg

За Србинката што го освои Боливуд ретко кој знае на нашиве простори, но таа е родена во Пожаревац, Србија во 1992-ра година.

Во 2012-та година се преселила во Индија, каде почнала да ја гради својата кариера како танчарка, модел и актерка.

Во продолжение проследете неколку интересни факти за неа:

Најголемата слава ја стекнала со улогата во политичката драма Satyagraha, по што учествувала во поголем број филмови, како и во индиската верзија на „Големиот брат“, позната како Bigg Boss 8.

На почетокот на својата кариера Наташа во 2015-та прво се појавила како модел во спотот на индискиот музичар DJ Wale Babu за песната Badshah.

Наташа во минатото беше во врска со познатиот боливудски актер Али Гони и привлекуваше големо внимание во индиските медиуми.

Наводно, причините за нивното раскинување биле аферите што тој ги имал со актерките Ели Аврам, и понекогаш со Урваши Раутела.

Во јануари 2020-та година, јавноста во Индија била мошне изненадена од вестите дека Наташа се верила со крикет играчот Хардик Панду, кој е мошне популарен таму и игра за националниот крикет тим.

Додека сите очекувале да ја најават свадбата, Наташа се појавила со огромен прстен и изјавила дека се венчале во тајност, за време на карантинот.

Тие во јули 2020-та година го добија синот Агастја, а на социјалните мрежи редовно споделуваат заеднички фотографии.

Неодамна во индиските медиуми излезе информацијата дека Наташа е бремена по вторпат, но таа ги отфрли таквите пишувања. Таа на Инстаграм има 3,2 милиони следбеници, а особено е популарна со видеата на кои танцува.

 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 

A post shared by Nataša Stanković Pandya ? (@natasastankovic__)

Повеќе фотографии од Наташа на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Наташа од „Фрајле“ со трогателна исповед: „Брат ми се самоуби, додека јас бев во соба до неговата“ „Буквално денот пред да си го одземе животот брат ми Рале (26) се шегуваше со мо...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Не сака да вгради силикони, не држи диети – Како српската пејачка Милица Тодоровиќ „отскокнува“ од с... „Моите пријатели порано постојано ми велеа: ’Ајде ние ќе ти платиме еден силикон...
Наташа Беквалац го прослави 44-иот роденден на Ибица со шампањ и сестра ѝ - не ѝ треба маж за среќа „Животот е највредниот подарок и затоа одлучив секој ден, секој миг да го минам ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg