Поранешната девојка на Бака Прасе позира целосно гола, покриена само со боја по телото (фото)
- Детали
- понеделник, 31 јануари 2022
21-годишната Ања објави провокативни фотки на кои позира сосема гола, покриена само со боја и напиша порака која веројатно е инспирирана од нејзината врска со Бака Прасе.
Ања (21) која неодамна раскина со нејзиното момче Богдан Илиќ (25), попознат како Бака Прасе, на својот Инстаграм профил објави серија фотографии на кои голото тело го покри само со сина боја.
До провокативните фотографии покрај уметничко дело од заљубен пар, Ања напиша емотивна порака, која многумина ја толкуваат како инспирирана од нејзината врска со познатиот јутјубер.
„Никогаш немој да дозволиш некој да ти биде сѐ во животот, затоа што кога ќе си замине, ќе останеш без ништо“.
https://www.instagram.com/p/CZUr--7jIFl/?utm_source=ig_web_copy_link
Ања, која стекна поголема популарност откако ја започна врската со српскиот јутјубер, по потекло е од Босна и Херцеговина.
Таа работи како фитнес тренер и инфлуенсер, а Бака Прасе во една прилика изјави дека таа заработува многу повеќе од него. Освен тоа, српските медиуми пишуваат дека таа потекнува од богато семејство.
https://www.instagram.com/p/CXOzm82j54m/?utm_source=ig_web_copy_link
Ања на Инстаграм ја следат 604.000 следбеници, а последните заеднички фотографии таа и Бака Прасе ги објавија од Амстердам, по што српскиот јутјубер информира дека раскинале, а патувањето во Холандија им било „проштално патување“.
https://www.instagram.com/p/CTuFvjzAhKB/?utm_source=ig_web_copy_link
Тие говореа дека планираат заедничка иднина, па дури и дека сакаат заедно да имаат и деца.
Оваа фотосесија е првата што таа ја објави по раскинувањето со познатиот јутјубер.
Во продолжение погледнете ги и останатите фотографии од серијалот:
Б. С. Б. | Црнобело