„Имаш преубави нозе“ - Србинка на 74 години носи мини здолништа и има 35 години помлад сопруг

„Вие сте доказ дека сè е во главата, годините се само број“ – стои во еден од коментарите до фотографиите на српската дизајнерка Верица Ракочевиќ која позираше во мини здолниште и ја покажа својата модна колекција.

imash-preubavi-noze-srbinka-na-74-godini-nosi-mini-zdolnishta-i-ima-35-godini-pomlad-soprug-01.jpg

Српската дизајнерка Верица Ракочевиќ (74) на Инстаграм објави фотографии на кои позира во мини здолниште и ги покажа нозете, а голем број од нејзините следбеници прокоментираа за нејзиниот добар изглед.

Голем број од нејзините следбеници се согласуваат дека Верица воопшто не изгледа како да е во осмата деценија од животот, а доказ за тоа се и големиот број позитивни коментари:

„Еве доказ дека сè е во главата, годините се само број и може некому да му бидат проблем само во главата“, „Вие сте инспирација за сите нас“, „Имате преубави нозе, како девојка“ – стои во некои од коментарите.

imate-preubavi-noze-kako-devojka-komentari-za-srbinkata-koja-na-74-godini-pozira-vo-mini-zdolnishte-02.jpg

Други нејзини следбеници ја прашаа и за тоа како изгледа нејзиното мени и како успева да ја одржи совршената линија, на што Верица одговори:

„Појадок, овесна каша со цимет, ручек, сардина со кромид и парче леб, за ужина две урми и за вечера варена боранија на пареа.“

imate-preubavi-noze-kako-devojka-komentari-za-srbinkata-koja-na-74-godini-pozira-vo-mini-zdolnishte-03.jpg

Верица исто така објави уште една фотографија на Инстаграм, во која повторно ги покажа новите парчиња од нејзината колекција, а до фотографијата напиша:

„Ништо поубаво не ѝ стои на жената од самодовербата, затоа носете ја гордо“.

Инаку Верица речиси 9 години е во брак со 35 години помладиот од неа Вељко Кузменчевиќ и тоа е нејзин трет брак.

Прочитајте и Српската дизајнерка Верица Ракочевиќ изгледа неверојатно во 70-тите години: „Кои се моите закони за убавина?“

Погледнете повеќе нејзини фотографии во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Алекса Перовиќ чека трето дете - Се разведе пред 2 години, не го открива идентитетот на новата љубов Скоро две години по разводот, на Божиќ, победникот на „Ѕвездите на Гранд“ откри ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Србинка (77) има 35 години помлад сопруг: „Привилегија е да имате млад маж - патуваме со кампер, тој... Сопругот (41) разголен ѝ приготвува риба во кампер, таа изгледа неверојатно и на...
„Зошто баба да раѓа дете? - Српска пејачка стана мајка на 52 години и открива низ што поминала Во шестата деценија од животот, по десетина години борба за потомство, српската ...
Петар Грашо го откри полот на бебето што го очекува – Дали пак ќе му го даде името што го планирал с... Пред извесен период хрватскиот пејач Петар Грашо, откри дека неговата сопруга Ха...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg