Српската дизајнерка Верица Ракочевиќ изгледа неверојатно и на 73 години: „Кои се моите закони за убавина?“

Српската дизајнерка Верица Ракочевиќ изгледа неверојатно и во осмата деценија од животот. Таа има свои закони за убавина до кои религиозно се придржува и коишто се значајни за нејзиниот младешки изглед. Кои се тие?

srpskata-dizajnerka-verica-rakochevikj-izgleda-neverojatno-i-na-73-godini-koi-se-moite-zakoni-za-ubavina-01.jpg

Верица Ракочевиќ беше поим за висока мода во поранешна Југославија, а сè уште важи за една од најуспешните дизајнерки на овие простори. Таа на модната сцена опстојува цели 38 години. Изработувала креации за голем број познати модни куќи и имала поголем број модни ревии во Милано, Лос Анџелес, Москва, Атина, Солун, како и на „неделата на високата мода“ во Рим.

Познатата српска дизајнерка е позната по уметничкиот стил во креациите што ги изработува, а иако веќе е во осмата деценија од животот таа изненадува и со младешкиот изглед.

Таа во минатото, во изјава за Stil.rs потенцираше дека тајната за нејзиниот младешки изглед се крие во почитувањето на утринските и вечерни ритуали за негата на кожата, во тоа што редовно тренира и оди на масажи, а исто така внимава да консумира внимателно избрани суплементи во исхраната.

View this post on Instagram

A post shared by Verica Rakocevic (@verica.rakocevic)

Верица напомена дека нејзината утринска нега трае десетина минути, колку што ѝ е потребно за туширање, за нанесување на серум и крем за лице и тело.

„Не трошам на прескапи креми, ја открив јапонската козметика што е одлична, а не е скапа. Освен тоа, користам и голем број старински рецепти, па иако според годините сум, на изглед нема да бидам баба. Чистата коса, кожа и негуваното тело со минимум шминка се мои закони за убавина“ – рече таа.

https://www.instagram.com/p/CF4LYf-hGCF/?utm_source=ig_web_copy_link

Понатаму таа додава дека нејзиниот добар изглед е производ на начинот на живот, размислувањата, професионалниот успех и сигурноста што таа ја носи.

„Најважниот рецепт е љубовта. Не мислам само на партнерската, туку и кон работата, животот и луѓето. Најголемата трагедија е што луѓето не сфаќаат дека кога испраќаат неубави мисли и зборови, завист и љубомора, омраза, тоа им се враќа како бумеранг“ – вели таа.

https://www.instagram.com/p/BqxfhW3h_9m/?utm_source=ig_web_copy_link

Верица во 2013-тата година се омажи за 35 години помладиот од неа Вељко Кузменчевиќ, со кого живеат во нивната куќа на Авала. Ова е нејзин трет брак.

Таа е мајка на три деца. Нејзината ќерка Елена Кариќ е позната српска дизајнерка, втората ќерка Милена Ракочевиќ со години живее и работи во САД како моден фотограф, а синот Милорад никогаш не сакал да се истакнува во јавност.

За својот брак со младиот Вељко, кој е композитор во „Народен театар“ во Белград, таа неодамна говореше во интервју за story.rs каде напомена дека направила голема грешка со тоа што јавно говорела за нејзиниот брак. На прашањето дали таа искреност со којашто секогаш настапувала ѝ се „удрила од глава“:

„Кој вели дека секогаш сум била искрена? А дека не требаше да учествувам во тој циркус, сигурно дека не требаше. Некогаш на таа скулптура што ја гардите може да направите неправилна положба на рацете или на нозете или пак едно око да затворите, а имавте намера да биде отворено. Мислам, дека животот без грешки би бил здодевен“ – вели таа за Story.rs.

Во продолжение погледнете повеќе фотографии од Верица:

https://www.instagram.com/p/CSEzBhotleX/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/CRyvSSwhrqx/?utm_source=ig_web_copy_link

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Ја „фатија“ во афера со фудбалер, па сега „ја омажија“ - Сите гласини за љубовниот живот на Ивана Ни... Минатага година се најде среде скандал кога сите српски таблоиди пишуваа дека ко...
Не сака да вгради силикони, не држи диети – Како српската пејачка Милица Тодоровиќ „отскокнува“ од с... „Моите пријатели порано постојано ми велеа: ’Ајде ние ќе ти платиме еден силикон...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg