Танцува како „луд“со најголемите регионални ѕвезди и е новото момче на Сара Јо – Кој е Жига Сотлар?!
- Детали
- сабота, 25 декември 2021
Сара Јовановиќ позната како Сара Jо е една од најистакнатите српски поп пејачки кои непрекинато го освојуваат регионот.
Родена е на 29 октомври 1993 година во Рим, а на свои 16 години со своето семејство дошла да живее во Белград.
Нејзината упорност, посветеност, креативност и оригиналност доведе до тоа да биде на врвот на највлијателните личности на социјалните мрежи.
Како и повеќето познати личности, Сара не преферира да зборува за својот приватен живот во јавноста, но новинарите се тука да докажат дека понекогаш „зборовите не се потребни“.
Имено, особена прашина се крена околу нејзиниот љубовен живот откако по две и пол години ја прекина врската со продуцентот Милко Бабиќ, а како што пишуваат медиумите, нејзин нов избраник е Жига Сотлар - танцувач и кореограф од Словенија со кој претходно соработувала.
Тие заедно работеле долги години, а наводно нивната деловна и пријателска врска неодамна прераснала во љубовна.
Новиот избраник на Сара, инаку соработувал со многу локални ѕвезди како Наташа Беквалац, Маја Беровиќ, Северина, Раста и др.
Со оглед на неговата професија, не е чудно што има навистина одлично тело, па често познатите дами го фалат дека е професионалец, но и добар „фраер“.
Во видео-спотот на Сара Јо за песната „Кажи ми“, публиката имаше можност да види секси танц меѓу младата музичка ѕвезда и атрактивниот Словенец - кој за само неколку часа ја освои женската публика и стана вистинска атракција на социјалните мрежи.
Сепак, неговата најзабележителна работа е концертот S.O.S. for Love на Наташа Беквалац, каде што смисли комплетна кореографија за спектаклот кој веќе е прогласен за најкомплексен проект на овие простори во изминатите неколку години.
„Жига е еден од најдобрите што ги знам. Освен тоа што игра ’како луд‘, за мене тој беше потполно ново искуство, затоа што професионализмот што го доживеав запознавајќи го – не сум го доживеала никогаш во животот“ - изјавува Наташа.
Згодниот и талентиран Жига вели дека е повлечен и посветен на својата работа, а се чини дека ова е почеток на неговиот голем успех, бидејќи дефинитивно внесе освежување на регионалната естрада.
Во продолжение повеќе фотки и видеа од извонредниот Жига Сотлар и прекрасната Сара Јо:
Мила М. | Црнобело