„Си замина една вонсериска душа – од сѐ правеше поезија“ – Балканските ѕвезди се збогуваат од Марина Туцаковиќ
- Детали
- понеделник, 20 септември 2021
„Колку е тешко да се простиш од најголемите... Ти благодарам за стиховите и за вистината што ја делеше со нас“ – напиша Калиопи на нејзиниот Инстаграм профил.
Познатиот српски текстописец Марина Туцаковиќ почина во 67-мата година во животот, а поголем број од балкански познатите музичари се простија од неа на социјалните мрежи.
Таа во својот живот напиша песни за голем број звучни имиња на балканската естрада, меѓу кои и за Цеца, Лепа Брена и Јелена Карелуша.
Балканската фолк дива Цеца Ражнатовиќ објави фотографија на која е заедно со Марина Туцаковиќ и до која напиша:
„Занемев! Зад неа е долга, мачна борба! И колку и да ја знаевме сите сериозноста на ситуацијата, јас немам зборови. Си замина една вонсериска душа, жена што од секоја ситуација правеше поезија, на нејзината работа никој не остана имун, а сите ние што ја имавме за пријател можеме себеси да се сметаме за привилегирани. Марина, драга моја, одмори ја душата и знај дека секогаш ќе бидеш сакана од сите нас“ – напиша таа.
Лепа Брена исто така објави фотографија на која се заедно со Марина и до неа напиша:
„Што и да кажам за Марина секогаш е малку. Си замина жената што пишуваше песни за сите нас, нашата пријателка и другар, која што како скенер ги знаеше нашите души, што мислиме и што чувствуваме.
Никогаш веќе нема да се роди таква жена што сите ја сакавме и ја почитувавме. Ќе останат нејзините текстови како печат за сите нас, за едно време, кога го имавме најголемиот поет и другар, пријател.
Нека ѝ е лесна земја и нека сега нè гледа од некое подобро место. Те сакаме Марина и ќе те сакаме секогаш и ќе те почитуваме затоа што со твоите дела ни ги разубави животите, а твоите зборови ги преточивме во емоција што сите ја почувствуваа. Почивај во мир“ – напиша таа.
https://www.instagram.com/p/CUBA7zhKoCQ/?utm_source=ig_web_copy_link
Јелена Карлеуша е уште една балканска пејачка, чијашто кариера ќе остане одбележана од соработката со Марина Туцаковиќ. Марина ги напиша речиси сите песни за Јелена, а пејачката се прости со Марина на Инстаграм:
„Маки моја... барам зборови... Во овој по*ран живот исполнет со болка, страдања и тага, ти остави најубава трага... А за тоа можеби вредеше да се живее... Ти благодарам за сè“ – напиша таа.
https://www.instagram.com/p/CUA-uxpIdkb/?utm_source=ig_web_copy_link
Со Марина Туцаковиќ се прости и нашата Калиопи, која на Инстаграм накратко напиша:
„Колку е тешко да се простиш од најголемите... Ти благодарам за стиховите и за вистината што ја делеше со нас... Сето останато е историја“ – напиша таа.
Нашиот композитор Дарко Димитров, на Инстаграм Стори објави фотографија со Марина на која напиша:
„Марина Туцаковиќ ќе живее вечно“
Нашиот моден стилист Сергеј Варошлија објави фотографија на Facebook до која напиша:
„Имав привилегија да ја запознам и неколкупати да го поминам времето со неа... И да поразговарам пред сè... Колку прекрасна и ретка личност... Вакви скоро и да нема веќе. Нејзините зборови, текстови, песни, мисли, се запишани во времето засекогаш“ – напиша тој.
Меѓу српските пејачи што со своја објава се простија од Марина е и познатиот пејач Жељко Самарџиќ. Тој на Инстаграм објави заедничка фотографија и напиша:
„Ставете ми уште едно виски, затоа што ми се сруши целиот свет. Засекогаш ќе недостигаш. Засекогаш ќе ја помнам твојата насмевка мила моја Маки.
Засекогаш ќе ги очекувам твоите брилијантни текстови, затоа што не верувам дека веќе те нема. Таквите како тебе се бесмртни...“ – напиша тој.
Жељко Јоксимовиќ објави нивна заедничка фотографија, а до неа накратко напиша:
„Сестро моја“...
Ана Николиќ објави нивна заедничка фотографија до која напиша:
„Ова беа некои посреќни денови, но многу одамна... Веќе долго време, ме следи некоја тага. Баш онаа што ти ја виде кај мене кога дојдов како девојче првпат кај тебе... Тогаш не те разбирав...
А сè секогаш беше онака како што ти ќе кажеше... Единствена беше што имаше суштина... Формалностите не беа во твојот домен, а од тебе научив нешто најважно: ‘Како достоинствено да живееш со болката’ и така и си замина, достоинствено“ – напиша таа.
Б. С. Б. | Црнобело