Факти за Сања Вучиќ од Hurricane - боледува од Хашимото, како дете била полничка и жртва на врсничко насилство
- Детали
- среда, 08 септември 2021
Потекнува од музичко семејство, за нејзините родители вели дека се „рокери во душа“, но цел живот пеат народна музика. Како детенце била мошне повлечена, заради вишокот килограми, а пред неколку години дознала дека боледува од Хашимото. Што знаеме за Сања Вучиќ од Hurricane?
Кога денес ја гледаме Сања Вучиќ од Hurricane и не можеме ниту да помислиме дека како дете имала проблем со вишок килограми и дека поради тоа била мошне повлечена и често била жртва на врсничко насилство.
„Трпев врсничко насилство, децата ме викаа ‘дебела сви*а’, плачев секој ден. За ручек јадев по цел леб. И денес многу сакам да јадам, но за среќа, научив да се контролирам“ – изјави таа во една пригода.
https://www.instagram.com/p/BAdTPgoM7tc/?utm_source=ig_web_copy_link
Потоа откри дека во 2018-тата кога повторно паднала психички, станала мошне анксиозна и депресивна, дознала дека боледува од Хашимото, болест на тироидната жлезда.
https://www.instagram.com/p/Bd5cht7Fk36/?utm_source=ig_web_copy_link
Сања освен што се занимава професионално со музика, таа студира на Катедрата за арапски јазик во Белград, а говори уште три јазици: шпански, италијански и англиски.
За приватниот живот таа не говори многу, за неа не се знае со кого е во врска, а се чини дека редовно ја следат приказни за наводни афери по секој настап на Евросонг.
https://www.youtube.com/watch?v=JKzD9MSdhV0&t=2s
Поминаа неколку месеци, а новинарите не престануваат да ја потпрашуваат Сања Вучиќ од Hurricane дали е во контакт со Дамиано Давид. Hurricane имаа свој настап на Music Week во Белград, а по спектакуларниот настап членките на групата дадоа изјави во кои Сања откри дали сè уште е во контакт со нејзиниот колега Дамиано Давид.
За време на Евросонгот Сања Вучиќ (28) отворено призна дека има симпатии за фронтменот на италијанскиот бенд Maneskin, Дамиано Давид, а сите имаа можност да ја видат како прва се затрча да му ја честита победата, откако Италија победи на изборот.
Прочитајте и Сања од Hurricane за шпекулациите со Дамиано Давид: „Ми стана непријатно кога дознав дека има девојка“
И по неколку месеци по Евросонгот и откако таа и јавно призна дека ѝ станало непријатно заради изјавите, особено, откако дознала дека Дамиано има девојка, медиумите сè уште ја потпрашуваат за тоа дали Дамиано ѝ се јавува.
„Не ми се јавува“ – одговори таа накратко на прашањето.
За Сања Вучиќ ова беше втор настап на Евросонг. Во 2016-тата година таа на изборот за песна на Евровизија ја отпеа песната Goodbye (Shelter) напишана од страна на фронтменката на групата Негатив Ивана Петерс. Таа година таа се пласира на 18-тото место, но и по овој настап следеше скандал.
Британските медиуми пишуваа тогаш за наводен секс-скандал и дека наводно Сања по отворањето на натпреварот во Стокхолм се обидела да го „намами“ претставникот на Велика Британија Џо Вулфорд во нејзината хотелска соба.
https://www.instagram.com/p/CMIYm4LLQf5/?utm_source=ig_web_copy_link
Скандалот повторно беше актуелен минатата година, откако Hurricane победија на Беовизија, па Сања конечно одлучи да проговори за тоа што навистина се случило во 2016-тата година:
„Тој навистина не е мој тип. Погледнете го мојот дечко и споредете го со Џо, тоа не е тоа. Ние се дружевме таму, поминуваваме време заедно, не само јас и тој, туку тој имаше и колега со него. Јас сум таква, дружељубива. Џо има такво бебешко лице, наликува на детенце, не ми се допаѓаат такви мажи“ – изјави таа во тој период за Kurir.rs.
За Сања Вучиќ се знае дека во минатото била во врска со Никола Ѓорѓевиќ кој е поранешен учесник во ријалити шоуто „Задруга“, а во моментов својот приватен живот го крие подалеку од очите на јавноста.
https://www.instagram.com/p/CL4JyN8DuvM/?utm_source=ig_web_copy_link